Превенција од срцев и мозочен yдар….Регулирање на шеќерот во крвта…Природно и здраво…

Природен начин за регулирање на високиот шеќер во крвта и отпорноста на инсулин со природни рецепти. Последиците од дијабетесот се срцев удар, мозочен удар, бубрежна болест, влошување на кардиоваскуларниот систем.

Покрај здравата исхрана богата со протеини и влакна, неопходно е да се елиминираат рафинираните шеќери и преработената храна.

Рецепти за намалување на нивото на шеќер во крвта со помош на природни состојки. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар и ендокринолог за навреме да ја откриете болеста. Природните лекови не се замена за посета на лекар и медицински совет!

00:00 цимет за намалување на високиот шеќер во крвта

200 мл вода
1 лажичка цимет

Во 200 мл зовриена вода сипете 1 лажичка цимет. Оставете покриено 10 минути. Пред напитокот на сопругот му измерив 7.5 1.3 ммол/л шеќер во крвта, а откако го испи овој напиток му падна за 1.3 ммол/л

01:51 лимон и целер против високиот холестерол во крвта и нивото на шеќер во крвта

2 лимони измиени со сода бикарбона
1 голем корен од целер
4 ловорови листови
400 мл вода

Исцедете го сокот од лимоните и тргнете го настрана. Кората исечете ја на парчиња и заедно со исечканиот целер, ловоровите листови и водата, доведете до вриење. Намалете ја температурата на најтивко и гответе 20 минути.

Извадете ги ловоровите листови, а целерот и лимоновата кора сипете ги во блендер. Додајте го ломоновиот сок и сето изблендирајте го додека да добиете хомогена смеса.

УПОТРЕБА: Против холестерол и висок шеќер, по една лажичка наутро на гладен стомак во текот на 2 месеци.

05:21 природен лек за стрес и хормонален дисбаланс Lepidium meyenii

1 лажичка мака во прав (од продавница за здрава храна)
1 чаша млеко

Помешајте и пијте еднаш дневно.

06:20 природен инсулин за дијабетес тип 2

1 литар ладна вода
3 лажици кора од оскоруша (вид дрво со мали плодови како дива круша)

Помешајте, поклопете и оставете преку цела ноќ. Следниот ден ставете на оган да зоврие. Веднаш тргнете настрана и процедете.

УПОТРЕБА: трипати на ден во период од 2 недели. Се прави пауза од 1 месец пред повторување. Подготовката на сите рецепти можете да ја погледнете ОВДЕ.