Ако сакате вашите пити да бидат како оние од рестораните, миризливи, вкусни и крцкави, користете го овој трик:
Потребни состојки:
7 лажици брашно
1 сув квасец
2 шолји млеко
1 шолја масло
Сол или шеќер во зависност од типот на питата којашто ја правите
Постапка:
Кога правите пита од готови кори, солена или слатка, секоја кора премачкајте ја со овој прелив а потоа филувајте ја на вообичаен начин.
Остатокот од преливот што ќе ви остане едноставно прелијте го преку питата и пред печење оставете да отстои час и половина, за да може добро да го впијат корите.
Со овој прелив питата секогаш е убава, воздушеста и компактна.