Уште еден рецепт од старата, пожолтена тетратка со скромни состојки, за чија подготовка не е потребен миксер. Колачот е многу сочен и вкусен, така што секогаш се бара парче повеќе. Колачот изгледа многу елегантно бидејќи е низок како бајадерата. За овој колач се редат само пофалби, а ова се дел од коментарите.

„Ви благодариме за одличниот рецепт. Успева уште од првиот пат и е одличен. Сите посегнаа за повеќе парчиња, а јас го послужив колачот со малку шлаг и замрзнати вишни. Рецептот е веќе споделен на неколку пријатели, а на домашните им ветив дека ќе го повторам што е можно поскоро.“ Еве што ви е потребно:

прв рецепт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 г шеќер, 200 мл млеко, 200 мл масло, 4 лажици полнети со какао (може и повеќе), 2 цели јајца, 200 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер. За мерење на состојките не ви треба дозерка или вага, доволно е да мерите сѐ со 1 шолја.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, 250 г шеќер, 150 г омекнат путер/маргарин, 200 мл јогурт, 100 мл млеко, 250 г брашно, 40 г какао, 1 кесичка прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, џем за премачкување. За чоколадна глазура: 100 г чоколадо, 4 лажици масло.

 

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад ставете 1 шолја шеќер, исто толку млеко, масло и две полни лажици до врв од какаото. Убаво изматете со жица или маталка за да се добие мазна смеса (без грутки од какао). Смесата поделете ја на два еднакви дела.

прв рецепт

Еден дел од смесата тргнете го на страна. Во вториот дел од смесата се додаваат јајцата (на собна температура), просеаното брашно со прашок за печиво и ванилин шеќер. Добро изматете ја смесата без грутки брашно со жица за матење.

прв рецепт

Ќе добиете смеса густа како за палачинки. Смесата истурете ја во калап (20×30 см) обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 20 – 25 минути.

Проверете со дрвена чепкалка дали е испечен однатре. Чепкалката треба да излезе сува кога ќе се забоде на средина од колачот. Топлиот колач (штом го извадите од рерна) прекријте го со смесата што ја оставивте на страна. Оставете го колачот да одмори 2-3 часа и потоа исечете го на коцки. / Coolinarka.com

прв рецепт

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад за матење пенасто изматете ги двете јајца со 250 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Матете со миксер додека шеќерот да се растопи и јајцата да побелат и згуснат. Во смесата додајте 150 г омекнат путер, една чаша јогурт и половина чаша млеко, па убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Фото и рецепт на Ленче Гогова

Во посебен сад промешајте ги сувите состојки: просеано брашно со прашок за печиво и 40 г какао во прав. Сувите состојки постепено додавајте ги во смесата со јајца и мешајте со лажица или шпатула додека да добиете хомогена и компактна смеса.

Фото и рецепт на Ленче Гогова

Приготвената смеса излејте ја во калап или плех со средна величина, претходно намастен и наросен со брашно (вишокот брашно истресете го). Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути (проверете со чепкалка).

Фото и рецепт на Ленче Гогова

Додека е топол печениот колач одозгора премачкајте го со неколку лажици џем или мармалад по ваш избор. Додека колачот се лади на страна, пригответе ја чоколадната глазура.

Сто грама чоколадо за готвење искршете го на коцки, па заедно со 4 лажици масло растопете го на тивок оган. Кога ќе се изедначи, чоколадната глазура прелијте врз колачот и израмнете. Оставете го колачот да излади, па сете го на коцки и сладете се. Фото и рецепт на Ленче Гогова.