Фото и рецепт: Дивна Вуковиќ Бирчанин

Потребни состојки:

500 г готови кори за пита
700-800 г свежи малини
4 јајца
1 чаша јогурт (180 г или 200 мл)
2 чаши шеќер
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво

за сируп:

2 чаши шеќер
2 чаши вода

Постапка:

1.Одвојте ги белките од жолчките. Од белките изматете цврст снег, а потоа една по една додавајте ги жолчките со постојано матење.

2.Постепено додавајте го шеќерот и матете додека тој целосно да се растопи.

3.Потоа додавајте: масло, јогурт, гриз, ванилин шеќер и прашок за печиво.

4.Со овој фил премачкајте ја првата и втората кора, а на третата наредете малини и врз нив наросете една лажичка шеќер.

5.Свиткајте како ролат и редете во намастен плех (може и да го обложите со хартија).

6.Оставете 10 лажици за на крај да ги премачкате корите одозгора. Исечете ја питата на парчиња.

7.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

8.Додека се пече питата направете го сирупот од две чаши шеќер и две чаши вода. Ставете на оган да зоврие додека да се растопи шеќерот. Сирупот треба да биде поредок од оној за слатко.

9.Со топлиот сируп прелијте ја топлата пита и оставете најдобро преку цела ноќ за да го впие целиот прелив.

Фото и рецепт: Дивна Вуковиќ Бирчанин