Одлично одговара со сите видови месо, а може да се користи и како дресинг за салата
Потребни состојки:
4 чешниња лук
1 лажица зелен бибер
Сол, мелен црн бибер
3 жолчки
120 мл кисела павлака
Сув, дробен босилек
Магдонос
Масло
Постапка:
Излупениот лук и зелениот бибер изгмечете ги.
Посолете, додадете мелен пипер и жолчки. Се’ убаво измешајте.
Маслото додавајте го капка по капка и мешајте со електричен миксер исто како што се приготвува мајонез. Рачно додадете ја киселата павлака, босилекот и сечканиот магдонос.