Прекрасен брз оброк од само 3 состојки по рецептот на Том Филос.

Често наидуваме на многу вкусни и интересни рецепти за подготовка, но секој од тие рецепти знае да одземе доста време додека го направиме, а потоа сме изморени и веќе не ни се ни јаде.

Кога е преку работна седмица, често домаќинките бараат да подготват нешто едноставно, брзо, а сепак да биде многу вкусно бидејќи, нели, домашно подготвеното јадење е секогаш најдобра и најздрава варијанта.

За среќа, познатиот готвач Том Филос со читателите на НМД.мк сподели многу брз рецепт за подготовка на излиена пита. Буквално само се мешаат состојките и се излева во калап и се става на печење. Потоа вам ви преостанува само да ја изедете и да се насладите.

Оваа излиена пита е многу вкусна, а се подготвува со брзина на светлината. Покрај тоа, за да ја подготвите ќе ви бидат потребни само 3 состојки како: 6 јајца, 300 мл млеко и 100 г сирење/кашкавал по ваш избор.

Исто така ќе ви биде потребно и 1 лажичка сол доколку сирењето или кашкавалот кој го користите не е доволно солен, но Том препорачува во секој случај да додадете половина или 1 мала лажичка сол во смесата.

Постапка: Во подлабок сад скрште ги јајцата. Изматете ги со кујнска жица-маталка и посолете. Кога јајцата ќе се разматени, постепено додавајте го млекото додека постојано матите со жицата.

Целата смеса се соединува и во неа се ренда 100 г сирење/кашкавал по ваш избор. Потоа вклучете ја рерната на 200 степени добро да се загрее. Во меѓувреме земете еден огноотпорен сад (во рецептот е користен сад со средна големина и кружен).

Садот премачкајте го со путер на дното и по страните, добро премачкајте за питата да не се залепи за садот, а притоа да го поприми вкусот и на путерот. Потоа смесата излејте ја во садот и ставете да се пече на 200 степени, 35-40 минути.

За тоа време излеаната пита ќе се подигне и ќе добие прекрасна златно-жолта коричка.

По печењето, почекајте малку да се излади и веднаш послужете со јогурт или нешто по ваш вкус. Може да ја правите за појадок, ручек или вечера. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Прочитајте и следново: Ручек или вечера – за половина час на маса! Потребни состојки: 16 кори за пита. За премачкување на корите: 4 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша масло, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво. За филување: 1 ½ чаша павлака, 4 лажици ајвар, по желба сувомеснато.

Ставете ја втората кора, па и неа премачкајте ја, и така наредете ги сите кори и сите премачкајте ги. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Кога ќе ги извадите корите од рерна, прекријте го плехот со мокра крпа за да омекнат малку краевите.

Потоа ќе можете да ја свиткате во ролат. И така, уште додека кората е во плех и се лади, свиткајте ја во ролат, па одвиткајте ја и премачкајте ја со павлака и рендани сувомеснати производи по желба, а можете и ајвар бидејќи сега му е сезона.

Свиткајте и тоа е тоа. Поубаво се сече кога ќе излади. Превкусна и декоративна за сите пригоди. / Сoolinarika.com