„Во оригиналниот рецепт беше запишано: торта од крем сирење со вишни“, но бидејќи ниту јас, ниту некој од домашните не ги сака вишните, јас секогаш наместо нив ставам јагоди.
Секако, може да стави и некое друго овошје, како банани, малини, цреши или други бобинки. Тортата е едноставна, вкусна, брза… што повеќе да се каже!“, вели Дијана Макарска.
Во нејзиниот рецепт првиот слоја на тортата, односно основата се содржи од пандишпан, но многумина ја испробаа и со обична подлога за чизкејк од мелени бисквити со путер и млеко, или пак само пишкоти натопени во млеко.
И, повторно се добива прекрасен и многу вкусен десерт каква подлога и да направите. Сите се воодушевени од оваа торта, па ако досега не сте ја испробале, не пропуштајте и направете ја. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за пандишпан: 3 јајца, 60 г шеќер, 60 г брашно, 1 мало лажиче прашок за печиво, 1 лажица какао во прав. Втора варијанта: пишкоти натопени во млеко.
ЗА КРЕМ: 500 г свежо крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц.. или друго по избор), 500 мл слатка павлака за шлаг, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 70 г шеќер во прав, 1 лимон (сок и рендана кора, по желба), 1 кесичка шлаг фикс (кремфикс)
*по потреба една кесичка желатин во прав (ако тортата треба подолго време да биде изложена на собна температура, за да остане цврста). И УШТЕ: приближно 500 г јагоди или една тегла компот од вишни, 1 црвен прелив за торти
ПОСТАПКА: Скршете ги јајцата во подлабок сад и додајте го шеќерот, па матете ги со миксер 5-8 минути или додека шеќерот да се растопи и да добиете густа, светка и кремаста смеса.
Сувите состојки помешајте ги во посебен сад, па започнете малку по малку да ги додавате во јајцата, најдобро просеани. Мешајте со кујнска шпатула, лажица или жица додека состојките да се соединат и смесата да остане воздушеста.
Излејте ја во калап 26 см, претходно обложен со хартија за печење или намастен и набрашнет. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени, 15-20 минути, или печењето прилагодете го на вашата рерна.
Проверете со чепкалка кога пандишпанот е печен, па оставете да се олади. Внимателно одвојте го од обрачот или калапот/хартијата и вратете го назад, па натопете го со малку млеко за биде помек и посочен.
Во меѓувреме пригответе го кремот: слатката павлака пенасто изматете ја со миксер додека да добиете шлаг, а во текот на матењето додакте и кремфикс. Потоа додајте го крем сирењето, шеќерот, ванилата, лимонот и повторно изматете за да се соединат состојките во фин и мазен крем кој може да се мачка.
Треба да биде доволно цврст, но ако не е, додајте му еден желатин. Желатинот пригответе го според упатството на кесичката, односно прво растворете го во ладна вода и оставете го да набубри, а потоа растопете го во микробранова печка или на пареа и додајте го кремот со мешање.
Целиот крем рамномерно распоредете го врз пандишпанот или подлогата што сте ја одбрале, израмнете, па одозгора наредете ги јагодите или вишните. Залијте со црвен прелив за торти (може но не мора) и оставете ја тортата во калапот да отстои во фрижидер неколку часа или преку цела ноќ. Потоа послужете ја и сладете се во одличниот вкус. Рецепт на Дијана Макарска.