Home Здравје Пред да тргнете на пат направете го ова за да немате вртоглавици

Пред да тргнете на пат направете го ова за да немате вртоглавици

Доколку имате „патувачка болест“ односно „морска болест“ или повремени, ненадејни вртоглавици и мачнини од непознато потекло, ви предлагаме да го испробате следниот природен лек.

Земете половина чајна лажичка ѓумбир во прав. Испијте го со вода половина час пред патувањето. Тоа е се’.

Лекот е стар повеќе од илјада години и датира од времето кога го применувале кинеските морнари пред патувањата. Со тоа ја одбегнувале морската болест. Честопати носеле и свеж ѓумбир со себеси, па во текот на патувањето го џвакале и растопувале во устата.

Подоцна лекот е испробан и кај луѓе кои имаат различни облици на мачнина и вртоглавици. Овој метод се покажал како делотворен, и покажал успех кај преку 70% од случаите кај луѓе кои патат од овој проблем.

Исто така, се забележало дека делотворноста на ѓумбирот е во времетраење од неколку часа (4-5), а доколку се појави потреба, може да се повтори.

За разлика од таблетите кои се користат за болести на патувањето и предизвикуваат поспаност и млитавост на организмот, ѓумбирот е целосно безопасен и многу корисен за човекот.