Јавноста кај нашиот северен сосед е во шок по текстот кој го напиша еден лекар, а којк во крајна цел ја доловува состојбата со селата во таа држава. Слично е и кај нас, селата, особено во Мариовскиот крај се пусти и празни…

Но, за што се работи.

– Неодамна за викенд бев во Сопочани, на својот имот. Од селото дојде една стара жена која делуваше запрепастувачки: полуслепа, стара, целата изгребана од трње, запуштена…

Ми пријде со несигурен чекор, сосема блиску, потпрена на една мотика и ме праша “дали си добар?”

Одговорив потврдно. “Те колнам во Бога и сè што имаш живо да ми напишеш потврда дека сум почината!” Не ја разбирам што ми вели, помислив дека се изразила погрешно, дека сака нешто друго да ми каже, па ја прашувам: “Сакаш да ти напишам дека си болна?” “Не. Напиши ми дека сум починала, те преколнувам!”

“Бабо, можам да ти напишам дека си болна, друго не пишуувам, другото се пишува во месната заедница”. “Ништо нема да ми вреди тоа. Те молам, напиши дека сум почината да му го пуштат тоа пусулче на син ми, да дојде, да го видам уште еднаш дури сум жива!”

Бабичке, ќе ти напишам дека си…

Знам од каде патуваше пеш, низ трња околу 4 километри, полуслепа, и попат трњата и го изгребаа лицето, рацете. Ја разбирам тежината на нејзината молба, желба пред смрт, сето тоа делуваше стресно на мене, ама не можам да и помогнам.

“Бабичке, ќе ти напишам дека си тешко болна, на смртна постела, па нека му испратат на син ти, ќе дојде тој, сигурно.” “Ништо тоа не ми вреди, треба да напишеш дека сум умрела, те преколнувам.” И објаснувам дека не смеам тоа да го напишам.

Си отиде плачејќи без глас, не сум сигурен дека жива се врати дома.

Под стрес сум и ден-денес. Долго за викенд не можев да одам во Сопочани. Ништо потажно во животот немам доживеано. Сум бил на погреби, тие се свеченост во односна огромната тага на немоќната стара и слепа мајка. (Мислам дека читателите ќе сфатат дека сум по професија лекар).

Извор: Политика