Празмалина е еден од најбараните рецепти – единствена комбинација од кори со белка, два фила со плазма кекси и малини. Ова е цврста и богата торта и иако содржи малини, врз неа може да се постави и фондан.
Потребни состојки за кора, трипати по: 4 белки, 4 лажици шеќер, 50 г мелени ореви, 5 г прашок за печиво.
Состојки за ФИЛ 1: 12 жолчки, 10 лажици шеќер, 2 пудинг со вкус на ванила (80 г вкупно), 800 мл млеко, 250 г маргарин/путер, 100 г шеќер во прав, 150 г мелена плазма кекс.
Потребни состојки за ФИЛ 2: 200 г кисела павлака, 200 мл слатка павлака, 150 г мелена плазма кекс, 100 мл млеко. И уште: 300-600 г малини
Постапка: Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Матете континуиранио со миксерот додека да добиете цврст и сјаен снег. Потоа додајте ги оревите, просеаното брашно и прашокот за печиво.
Убаво промешајте со лажица, додека да се соединат состојките. Изедначената смеса рамномерно распоредете ја во обложен плех со димензии 33х23 см и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 13 минути.
Постапката повторете ја уште двапати, така да добиете три еднакви по големина кори. Потоа подгответе го првиот фил. Во подлабок сад пенасто изматете ги жолчките заедно со шеќерот.
Матете додека тој да се растопи и смесата да побеле и згусне. Потоа додајте го пудингот и 100 мл млеко, па убаво промешајте. Останатото млеко ставете го на оган да се згрее.
Кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата, па постепено додајте ја смесата од жолчки и пудинг, па непрекинато мешајте додека да се свари и згусне. Тргнете го садот од оган, а смесата претурете ја во друг сад.
Покријте со фолија за да не се создаде коричка и оставете го кремот на страна целосно да се олади. На страна пенасто изматете го путерот (на собна температура) со шеќерот во прав.
Во изматениот путер додајте половина од изладениот фил (кога ќе дојде до собна температура), изматете да се соедини, па додајте ја и втората половина и повторно изматете.
Додајте мелени плазма кекси, уште еднаш изматете да се изедначи смесата и на крај додајте го млекото. Убаво соединете. За вториот фил кратко со миксер изматете ја павлаката, додајте ја течната павлака и повторно изматете.
Додајте плазма кекси, изматете, па додајте млеко и убаво сè соединете. Смесата треба да биде мазна и лесно да се мачка, а ако не е таква, тогаш додајте уште малку млеко. Двата фила се готови.
РЕДЕЊЕ: На тацна за сервирање поставете ја првата кора, премачкјате со третина од првиот фил, наредете малини, па премачкајте со вториот фил. Постапката повторете ја уште еднаш.
Одозгора поклопете со третата кора, па премачкјате ја тортата околу и одозгора, има доволно фил за тоа. Декорацијата е по избор, па следи добро ладење на тортата и послужување. Деталите од целата постапка м ожете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.