Купувајте чисти и неоштетени јајца, задолжително пред варењето измијте ги со млака вода, ставете сода бикарбона…
Наското ни доаѓа најголемиот христијански празник Велигден, а два дена претходно ќе уживаме во омилениот обичај – фарбање на јајцата.
Покрај естетиката, важно е и да водиме сметка за здравјето.
Бидејќи велигденските јајца главно, долго време стојат, прво чекајќи од петокот до неделата, а потоа стојат на трпезните маси додека не се изедат (барем уште 2-3 дена), ви пренесуваме неколку важни совети околу купувањето:
1.Купувајте чисти и неоштетени јајца;
2.При варењето, најдобро е да ги варите 12 минути од моментот на варење, а во водата ставете една лажичка сода бикарбона;
3.Ако не ги фарбате јајцата природно, односно користите помош на купечки бои, кога купувате кесички во боја одбирајте ги оние на кои имаат ознака дека се прехрамбени бои;
4.Сировите јајца се потенцијален извор на салмонела, па се советува пред варењето и украсувањето да ги измиете со млака вода;
5.Офарбајте онолку јајца колку што сте сигурни дека ќе изедете. Во спротивно, ако направите повеќе јајца од потребното, ќе бидете принудени да ги фрлите;
6.Јајцата кои се офарбани, неизлупени и без оштетена лушпа, а стоеле на собна температура (или неколку пати сте ги ваделе од фрижидер), би требало да ги изедете за ден-два после Велигден.