Правам многу вкусна БАКЛАВА со ореви за 5 МИНУТИ со готови кори…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори за баклава
300 г сечкани/крупно мелени ореви
2 кесички ванилин шеќер
350 г маргарин или путер

За шербет:
900 г шеќер
800 мл вода
лимон по вкус

ПОСТАПКА:

Во оревите додајте ванилин шеќер и помешајте. Наредете 3 кори без да ги мачкате и на едната страна посипете фил од ореви. Свиткајте во ролат. Постапката повторете ја додека да го потрошите материјалот.

Ролатите наредете ги во калап 25х40 см и исечете ги. Одозгора рамномерно посипете ги со растопен маргарин или путер, па ставете да се пече 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади.

Шеќерот со водата оставете да зоврие, па намалете на средна температура и варете 15 минути. Додајте 2 тркалца лимон при варењето. Залијте топол шербет – ладна баклава. Оставете целосно да се олади и впие. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

Баклава каква досега не сте пробале – сите ќе ви бараат рецепт, а тајната е во двата преливи