Од архивите:
П.Р.: Мајка ми со години има проблеми со зглобовите на прстите, докторите не се од некоја помош. Има дијагноза остеоартритис. Зглобовите се деформирани, отечени и болни. Ако некој од вас го има истиот проблем и ако нешто му помогнало, ве молам да ми напишете во коментар.
Љиља Лилиум: Не може да се излекува, ама може да се спречи да напредне болеста. Еве го рецептот:
1 литар ракија
500 мл јод издробен во прав
30 апчиња андол од 300 мг
10 апчиња Б-витамини (Beviplex)
20 апчиња Диклофен
10 апчиња Пронизон
30 АД капки
2 полни лажици куркума во прав
Сите состојки се ставаат во пластично шише од 2 литри и добро се протресува пред мачкање.
Јас сум лекар и оној обичниот рецепт од алкохол, андол и јод го доработивме со колешка од ревматологија и го користам веќе цела година. Ги мачкам рацете, колената, рбетот и многу ми е подобро. Мора најмалку два месеца да се мачка секојдневно или при секое чувствување на болка.
Зглобовите никако не смеат да се греат. Овие состојки се достапни, можете да ги купите од аптека. Сега јас плетам и работам, а кога ќе ме заболи се мачкам.
Јас сум лекар ама советувам алтернативна медицина, но за надворешна употреба зошто не може да наштети, а може да помогне. Ама нашиот народ попрво би испил некој токсичен лек отколку да земат некои природни препарати за мачкање, бидејќи ефектот е долготраен.
За помала доза користам:
500 мл ракија
250 мл повидон јод
10 таблети издробени аспирин од 300 мл
5 таблети пронизон
5 таблети диклофенак
5 Б-комплекс витамин
Сите состојки се мешаат и болните места се мачкаат барем 6 месеци контимуирано. Може да се мачкаат зглобови и вени, а помага и за калуси и за валгус на ножен палец.
Ц.К.: За отечени зглобови: Се прави облога од иста количина брашно, јаболкова киселина, мед и водка (или ракија). Сите состојки добро се замесуваат, се развлекува на фолија и се става како облога на болното место. Се фиксира со фолија и завој. Следниот ден болката е значително намалина или исчезнува.
М.Д.: Јас ја имам користено оваа облога за болни колена и презадоволна сум. Никакви болки веќе не чувствувам.
С.К.: Секоја вечер се завиткуваат болните зглобови со листови од тегавец, а потоа се фиксираат со фолија и завој. Се повторува 7 дена по ред. Испробано, многу ефикасно и успешно!
Ј.И.: Добро е да се свари кромид со лушпа. Се вари 20 минути додека да се преполови течноста, се процедува и се стават облози.
Д.А.: Најважно е да не се загреваат ако се отечени и воспалени зглобовите, тоа не смее да се прави, туку напротив, се ставаат ладни облози. Ставете вода во пластична чаша и замрзнете ја. Со мразот тријте ги рацете. Потоа земете неколку листови зелка и малку изгмечете ги со рака. Нанесете мед и со листовите завиткајте ги рацете. Јас имам ревматоиден артритис и тоа ми помага.
С.И.: Во ДМ имаат маст од гавез, се масирам трипати дневно и болките ми се намалуваат, а прстите ми се во функција. Не гел, туку маст.
Т.Е.: Јас користам тинктура од гавез. Покрај тоа секој ден ги киснам рацете во еден литар оцет со лажица сода бикарбона во времетраење од десет минути до половина час, 2-3 пати дневно. Не смее да се јаде пченица и шеќер.
Рецепт: Исечкајте го ситно коренот од гавез, ставете го во стаклена тегла, па прелијте го со ракија така да биде една третина гавез а две третини ракија. Користете посилна ракија. Се остава 40 дена додека да се добие црна тинктура, по малку е слузава кога се мачка.
Употреба: Се мачкаат болните места и се остава 5-10 минути додека да се исуши, па потоа се мачка уште еднаш. Се повторува еднаш наутро и еднаш навечер. Не треба преку тоа да се става ниту газа ниту ништо друго.
К.Л.: Јас го имам истиот проблем, ревматоиден артритис и зимно време повеќе ме боли поради студот. Се мачкам со лој од коза, можеби ви звучи чудно, но болката веднаш ми исчезнува и мене навистина ми помага. Значи, лојот се сече и се топи како маст и се става во тегла. Кога има свежа коприва треба да се тријат рацете со неа.
С.И.:Може да се користи и рицинусово масло за мачкање, да се користи што повеќе куркума во исхраната, да се елиминира од исхраната сè што предизвикува урична киселина која се таложи во ‘рскавицата на зглобовите. Проверено, со години успешно се борам со артритисот. Го добив кога имав 15 години, а сега имам 59. Вежбите се многу важни, пијам чај од коприва по еден литар, ден-два. Правам тинктура од ловоров лист и рузмарин, па со тоа ги виткам зглобовите.
Рецепт: 1 литарско шише се полни со рузмарин и се долева со ракија. Се затвора и остава 40 дена на сонце а после се масираат болните зглобови, а добро е и секој ден да се испие по една ракиена чаша. Помага за болни зглобови, ишијас и реума.