Практична и брза торта од бисквити потопувани во кафе, премачкани со крем од млеко и густин…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап 26х26 см, се мери со чаша од 200 мл):
За крем:
1 литар млеко
1 чаша шеќер (без 1 прст)
3 супени лажици скроб/нишесте/густин
2 лажици брашно
По готвењето:
1-2 лажици путер
1 кесичка шлаг во прав
За одозгора растопете:
250 мл слатка павлака
180 г бело чоколадо
За потопување на бисквитите растворете:
1,5 супени лажици гранули од кафе/нескафе
1,5 чаша топла вода
ПОСТАПКА:
1.Сварете го кремот од наведените состојки со непрекинато мешање додека да згусне. Тргнете од оган, додајте го путерот и мешајте додека да се растопи. Оставете целосно да се олади, а потоа сипете го шлагот во прав и изматете со миксер.
2.Биксвитите кратко натопувајте ги во оладеното кафе и редете ги во соодветен калап. Одозгора сипете фил и израмнете. Постапката повторете ја уште трипати, да добиете колач со 4 слоја бисквити (или колку сакате).
3.Одозгора тортата залијте ја со топол ганаш од слатка павлака растопени на тивко, а по желба декорирајте со линии од темно чоколадо. Оставете преку ноќ во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја на ТикТок ОВДЕ.
https://www.tiktok.com/t/ZP8dqjJAG/