Благодарение на неговите совети, проблемите со лошата дигестија и храната која недоволно се сварила и прави проблеми во вашите црева, ќе стане минато. Познатиот гастроентеролог има златни совети.




Проблемот со подуеноста и успорениот метаболизам е нешто кое измачyва сè поголем број луѓе. Голема улога за ваквите состојби има брзиот начин на живеење и неправилната исхрана.




Проблемите со цревата предизвикува слабеење на имунитетот и многу други потешкотии, вели докторот Кенет Браун. Еве ги неговите совети, според кои ќе го сочувате здравјето на вашите црева:




ХРАНАТА СЕКОГАШ Е НАЈДОБРИОТ ЛЕК. Сè што ќе внесеме во нашиот организам, на одреден начин влијае врз вас. Докторот советува внимателно да се чита декларациијата на сè што ќе купите, па дури и земјата на потекло.




Потребно е да се одбираат што поприродни намирници, по можност органски. Зеленото овошје и зеленчук, како и бананите, мешунките и интегралните житарици имаат големи бенефити за цревата.




ИЗБИРАЈТЕ СООДВЕТНИ ВЛАКНА. Влакната се делат на две групи: растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се напѓаат во гравот, грашокот, лененото семе, бобестото овошје, јаболката… и тие всушност ја успоруваат дигестијата.




Доколку имате проблем со нивното дигестирање (бидејќи, потребно е време за да се разложат) и сте забележале дека поедини намирници од оваа група ви предизвикува дуење на стомакот, тогаш подобро би било да ги одбегнувате или ако веќе ги конcyмирате, да не ги мешате со друга храна.




Секогаш подобриот избор се нерастворливите влакна кои се наоѓаат во оревите, интегралните житарици, семките, разните семиња и особено интегралниот ориз кој се препорачува да се јаде секојдневно.




ФЛАВОНОИДИТЕ СЕ НАШИТЕ НАЈДОБРИ СОЈУЗНИЦИ. Флавоноидите на зеленчукот му ја даваат бојата, а многу се корисни за дигестијата, бидејќи дејствуваат како антиоксиданти. Најголема концентрација на флавоноиди се наоѓаат во зелената салата, кромидот и слаткиот компир.




НАМАЛЕТЕ ГО CТPЕCОТ. Кога сме под cтpеc, лачиме прекумерно количество на желудочна киселина која предизвикува пречки. Физичката активност е одлична за елиминиpање на напнатоcта.




КВАЛИТЕТНИОТ СОН Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН: Сонот навистина е лековит. Доколку сте одморни, проблемите во цревата полека ќе се смират или целосно ќе ве заобиколат.

ВЕШТАЧКИТЕ ЗАСЛАДУВАЧИ ПРАВАТ СЕРИОЗНИ ПРЕЧКИ. Вештачките засладувачи се главните причинители за дијареа, бидејќи организмот не е во состојба да ги свари. Кога купувате каков било производ, задолжително читајте ја декларацијата.