Сочен и многу лесен колач од гриз и ореви, брзо и едноставно се приготвува, а вкусот му е неодолив. Ќе уживате во секој залак, толку е вкусен овој колач. Уште веднаш направете го и засладете се.

Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 1 чаша мелени ореви или лешници, 2 чаши гриз, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 1 прашок за печиво. За прелив: 250 г шеќер, 400 мл вода, 1 ванилин шеќер, 1 лимон – кора. За премачкување: 2 изматени шлага, малку мелени ореви за декорација




Постапка: вклучете ја рерната на 200 степени. Плех со димензии 20х35 см намастете го со масло и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Изматете ги пенасто јајцата, па додајте го шеќерот и продолжете да матите додека тој да се растопи а смесата да згусне и побели.




Додајте ги и течните состојки (млекото и маслото), па додајте ги сувите состојки (брашно, гриз, ореви). На крај додајте го прашокот за печиво, па добиената смеса излејте ја во приготвениот плех и ставете да се пече во загреаната рерна околу половина час.




Додека се пече колачот пригответе го сирупот. Сварете ја водата заедно со шеќерот, ванилата и ренданата кора од еден лимон, околу 5 минути откако ќе зоврие. Врелиот, печен колач прелијте го со топлиот сируп и оставете го да се олади.




На крај изматете шлаг па премачкајте го колачот рамномерно преку целата површина. Одозгора наросете една рака мелени ореви. Најубав е кога ќе кога ќе се послужи изладен од фрижидер. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт, уште поедноставен од претходниот:




Потребни состојки: 4 јајца, 1 шолја шеќер, 1 шолја јогурт, 1 шолја гриз, 1 шолја кокос, 1/2 шолја масло, 1 шолја брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и малку рендана кора од портокал. За прелив: 2 шолји шеќер, 2 шолји вода, малку лимон.




Постапка: Најпрво се вари шербетот за да има време да излади додека го приготвите колачот. Во едно тенџере ставете 2 шолји (од 200 мл) шеќер и 2 шолји вода, па промешајте. Тенџерето ставете го на оган, па од моментот кога ќе зоврие, варете го сирупот уште 4-5 минути.




По изминатото време исклучете ја ринглата и додајте 2-3 лажици свежо исцеден лимонов сок или по вкус. Сварениот сируп промешајте го и оставете го на страна да се лади. Во посебен сад скршете четири јајца кои претходно отстојале на собна температура и додајте една шолја (од 200 мл) шеќер. Изматете со жица, 2-3 минути.

Потоа додајте една шолја (200 мл) јогурт, па една шолја гриз и една шолја кокос. Промешајте и додајте половина шолја масло за готвење. На крај додајте 1 шолја брашно помешано со прашок за печиво. Изматете добро да нема грутчиња.

На крај додајте 2-3 лажички рендана кора од портокал и зачинете со една кесичка ванилин шеќер. Откако убаво ќе ја соедините смесата, покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја да одмори 15-20 минути.




По изминатото време излејте ја смесата во огноотпорен сад или калап со димензии приближно 30х22 см. Протресете за да се израмни смесата, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Кога ќе го ставите колачот во рерна намалете на 180 степени и печете 35-40 минути.

Печениот колач извадете го од рерна да се подилади неколку минути, па исечете го на коцки со големина по ваша желба. Додека е уште врел колачот прелијте го рамномерно со изладениот сируп и оставете го целосно да го впие. Пред послужување добро изладете го.