Не знаев што да направам за ручек и маж ми ми дојде во кујна со еден рецепт кој му го кажал колега на работа, а тој му рекол, ,,Жена ми ги направи овие тиквички, повкусни не сум јадел”, па ми рече дека и тој сакал да ги проба.
Кога ги направив, многу ме пофалија сите, особено сопругот кој ми рече „големо браво“, па оттогаш постојано ни се на мени, дали за главно јадење за ручек, како предјадење или за вечера како грицки додека гледаме филм.
Еве што ви е потребно да ги направите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички (или повеќе по вкус), сол, црн пипер, 3 лажици презла, 1 лажичка црвена зачинска пиперка, 70 г кашкавал, 2 јајца, 2 лажици брашно. По потреба се доставува брашно, презла, јајца…
ПОСТАПКА: Тиквичките се лупат од лушпата и се сечат надолжно на долги ленти со дебелина од 5 мл.
Потоа се редат на тепсија обложена со хартија за печење и се посолуваат со сол и црн пипер само од едната страна. Кога малку ќе апсорбираат од зачините, се вртат на другата страна и се повторува со зачинувањето.
Настрана подгответе си презла измешана со црвена зачинска пиперка. Измешајте, па во смесата наросете 70 г пармезан. Повторно соединете. Настрана во подлабок сад ставете 2 јајца и изматете ги со виљушка.
Тиквичките се бришат од двете страни со хартија за да се исцедат од течноста која ја испуштиле, па прво се наквасуваат во јајце од двете страни, а потоа во мешавината од зачини со пармезанот.
Вака подготвените, похувани тиквички се редат во плех обложен со хартија едно до друго, да не се преклопуваат.
Тиквичките се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути, па потоа може да ги послужите со тартар сос или некој друг сос по ваша желба.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а во продолжение прочитајте уште еден интересен рецепт со тиквички:
Тиквички со јогурт без капка масло – пригответе ги на овој начин, ќе бидете презадоволни од вкусот.
Сега е време на тиквичките, ова е супер идеја која секако треба да се проба. Одлично изгледа, брза подготовка, едноставно и вкусно. Количините можете да ги прилагодите според потребите.
Во рецептот се користи пченкарно брашно, но може да употребите и палента доколку во моментот немате при рака. Овој брз рецепт може да се приготви за појадок или вечера, пробајте, излегува фантастично!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквичка, малку сол, 1 јајце големо, 1 шолја јогурт, 3 лажици пченкарно брашно, 1 лажица бело брашно, 70 г сирење, ½ лажичка сода бикарбона.
ПОСТАПКА: Тиквичката убаво измијте ја, излупете ја и исечете ја на тенки тркалца. Посолете и оставете ги настрана додека ја приготвувате смесата за прелевање.
Во еден сад изматете јајце со жица за матење, па додајте една шолја (200) јогурт, па уште малку промешајте. Додајте мешавина од 3 лажици пченкарно брашно и една лажица бело брашно. Соединете ги состојките.
Додајте 70 г иситнето сирење и половина лажичка сода бикарбона. Промешајте. Плех со средна величина обложете го со хартија за печење, на на дното наредете еден ред тркалца од тиквички. Одозгора рамномерно прелијте ја смесата со јогурт и израмнете.
Врз смесата наредете втор слој тиквички (за одозгора оставете поголеми тркалца). Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени додека убаво да зарумени. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.