Повкусна кремаста ЗЕЛКА САЛАТА не сум јадела…Може да се послужи со секакво месо или како самостоен оброк…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 главица зелка со средна големина
1 чаша цврст јогурт или кисела павлака (250 мл)
3 лажици маслиново масло
1 чаша варена пченка во зрно (250 г)
5 кисели краставички
1/2 китка свеж копар
3 лажици мајонез 30 г
1 лажичка сол 3 г
1 лажичка црн пипер 3 г
1 чешне лук

ПОСТАПКА:

1.Ситно исечете ја зелката и пропжете ја на малку масло на умерена температура додека да омекне. Претурете ја во друг сад и оставете да се олади.

2.Во посебен сад измешајте цврст јогурт (кисела павлака), мајонез, сол и црн пипер.

3.Во оладената зелка сипете пченка во зрно, кисели краставички ситно исечакни, копар и смесата од јогурт и мајонез.

4.Добро промешајте и послужете ја оладена. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/g7NjFQAcm6A?si=DpJbCGP3YFs2TZI2