Home шербетни колачи Повкусен од баклава: сочен колач што се прави за 15 минути и...

Повкусен од баклава: сочен колач што се прави за 15 минути и се топи во уста

Постојат колачи што се јадат со виљушка, и такви што едноставно исчезнуваат во уста. Овој сочен сирупест колач спаѓа токму во втората категорија.

Со лесен, воздушест пандишпан и богат лимонов сируп, вкусот потсетува на баклава – но без кори, без комплицирање и со многу помалку труд.

Совршен е кога ви треба брз, сигурен и впечатлив десерт што секогаш успева, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Овој колач сите го бараат – готов за 15 минути, а вкусот е неверојатен

Потребни состојки

За сируп:
• 700 г шеќер
• 1 литар вода
• сок од 1 лимон

За пандишпан:
• 10 јајца
• 10 супени лажици шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 11 супени лажици брашно
• 1 кесичка прашок за печиво
• НМД

Сочен сирупест колач што се подготвува за 15 минути, со воздушен пандишпан и лимонов сируп. Рецепт што многумина го споредуваат со баклава.

Начин на подготовка

Подготовка на сирупот

Во тенџере ставете ги водата и шеќерот и оставете да зовријат. Од моментот на зовривање, варете 10 минути на умерена температура. Тргнете од оган, додајте го сокот од лимон, промешајте и оставете сирупот целосно да се олади.

Подготовка на пандишпанот

Одвојте ги белките од жолчките во два чисти и суви сада. Белките изматете ги пенасто со миксер, па постепено додавајте го шеќерот и ванилиниот шеќер.

Матете со најголема брзина додека да добиете цврст снег што не паѓа од садот при превртување.

Потоа, додавајте ги жолчките една по една, матејќи кратко по секоја, сè додека целосно да се соединат со снегот. Смесата треба да остане светла, густа и кремаста.

Брашното и прашокот за печиво просејте ги и додавајте ги постепено, мешајќи бавно и рачно со лажица или кујнска шпатула. Во оваа фаза не користете миксер – мешајте нежно, додека да се сочува воздушноста на смесата.

Намастете тепсија со дијаметар од околу 34 см и лесно наросете ја со брашно. Истурете ја смесата, израмнете ја и неколкупати потчукнете ја тепсијата од работната површина за да излезат евентуалните воздушни меурчиња.

Печење и сирупирање

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 °C, потоа зголемете на 250 °C и печете уште 30–35 минути. За време на печењето не ја отворајте рерната.

Печениот колач проверете го со чепкалка, па исечете го на коцки. Топлиот колач полека залијте го со оладениот сируп.

Оставете да го впие сирупот и целосно да се олади пред послужување. Постапката опишана преку фотографии и видео прилог можете да ја погледнете ОВДЕ:

СУНЃЕРКА: Традиционален сочен колач – единствениот оригинален рецепт кој ви е потребен