Доаѓа летото и сезоната на пченките, па затоа запишете си го овој рецепт, многу е корисен. Отсега започнете со планирање ги вашите витамини и минерали за зимо, бидејќи нема подобро од она што е природно.
Иако пченката може едноставно да се замрзне и да си вадите по потреба, сепак, подготвена во маринада е многупати повкусна.
Секако, овој производ можете да го купите и во продавница, но навистина не снаете што сè се содржи во таа конзерва. Ова е проверен рецепт, а вака приготвената пченка може долго да стои заедно со остатокот од вашата зимница. Еве што ви е потребно и како се приготвува:
За овој рецепт најдобро е земете млада пченка, кога ќе ја притиснете со ноктот, од неа да потече „млеко“. Младата пченка се подготвува многу побрзо, за 15-20 минути. Меѓутоа, жолтата пченка некогаш е послатка, но таа обично треба да се приготвува подолго време, околу 1-1,5 час.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА МАРИНАТА (количината е доволна за околу 4 тегли од половина литар): 1 литар вода, 30 г сол, 2 супени лажици шеќер, 0,5 мала лажичка лимонска киселина (лимонтус) и пченка.
ПОСТАПКА: Исчистете ја пченката од листовите и скршете ги на соодветна големина за да може да се соберат во тенџерето во кое ќе ги варите. Не заборавајте да ги отстраните сите зрна кои ќе ви се чинат за сомнителни, бидејќи таквите лоши зрна може да ја расипат цела тегла.
Вака исчистената пченка наредете ја во тенџере и прелијте ја со вода, па ставете на оган да се вари на умерена температура. Младата пченка се вари околу 15-20 минути, а на жолтата зрела пченка и се потребни околу час до час иполовина (најдобро да проверите, кога ќе го притиснете зрното треба да биде меко).
Варената пченка извадете ја со штипалки во некоја широка чинија и остав ете да се олади до собна температура. Потоа внимателно одвојте ги зрната, можете со рака или да се помагате со нож. Зрната наполнете ги во чисти, стерилизирани тегли, па подгответе ја маринадата:
ЗА МАРИНАДА: Во водата ставете сол, шеќер и лимонска киселина, промешајте и садпт ставете го на оган, да се загрева на умерена температура. Од моментот на зовривање оставете да се вари неколку минути. Тргнете ја настрана малку да се излади (да не е премногу врела), неколку минути.
Со топлата маринада полнете ги теглите, добро затворете ги со претходно стерилизирани капаци и превртете ги за да се вакумираат. Може да ги ставите и во широко тенџере обложено на дното со крпи, да ги налиете со вода до 2/3 и да ги варите 20-30 минути за да се вакумираат. вака конзервираната пченка чувајте ја на ладно и темно место.