ПОУБАВО ОД СЛАДОЛЕД, ДЕСЕРТ ЗА 1 МИНУТА, БЕЗ ШЕЌЕР, НЕМА ПЕЧЕЊЕ. Рецепт од каналот Брзи Рецепти. Десерт кој е поубав од сладолед, за 1 минута ќе го имате на трпеза, без печење и не содржи шеќер, а се подготвува од само 3 состојки.
Чоколаден десерт кој ќе ви стане омилен, потребно ви е само блендер и уште малку трпение додека се излади во фрижидер. Не одзема многу време на подготовка, а состојките сигурно веќе ги имате дома.
За да го подготвите десертот ќе ви биде потребно следново: 2 банани, 2 мали лажички какао, 100 г кокосово масло. Постапка: Во блендер се блендираат бананите исечкани на помали кругови се додека да се добие средно густа конзистентност.
Без остатоци од парчиња од бананите, потоа се додава какаото и повторно се блендира. Во чоколадната смеса се додава течното кокосово масло (отприлика околу 100 г) и се соединува добро со смесата.
Смесата се прелива во мал правоаголен калап со хартија за печење и добро се распоредува. Колачот се става во фрижидер да се стврдне 1 час, а потоа се превртува на рамна чинија за послужување.
Се вади хартијата за печење и се сечат помали или поголеми коцки по ваш избор. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а во продолжение проследете уште еден рецепт за многу брз чоколаден колач.
II РЕЦЕПТ. Чоколаден колач од 4 состојки кој не се пече – за само 20 минути ќе ја добиете најкремастата торта. За само 20 минути ќе добиете совршена кремаста торта со деликатен вкус. Пробајте, нема да се покаете.
Потребни состојки: 250 г мелени плазма кекси, 100 г путер, 400 г нутела или друг лешников крем, 500 г крем сирење (филаделфија, маскарпоне..). Постапка: Соединете го путерот со една лажица Нутела, па растопете го на пареа или во микробранова печка.
Со оваа мешавина прелијте го мелениот кекс. Убаво промешајте за да добиете изедначен смеса. Ставете ја во фрижидер за да излади (полесно се обликува). Остатокот од Нутела измешајте го со крем сирењето со помош на миксер.
Убаво изматете додека да се добие фин, мазен крем. Добиената смеса, исто така ставете ја во фрижидер. Основата за торта извадете ја од фрижидер и рамномерно распоредете ја на дното од калапот за торти. Добро израмнете користејќи чаша.
Одозгора нанесете ја смесата од сирење и чоколаден крем, рамномерно распоредувајќи го врз основата. Оставете ја тортата во фрижидер уште 20-тина минути за да се соединат состојките. Потоа уживајте. / Coolinarika.com