Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – брз колач кој се приготвува за пет минути. Едноставен и лесен, многу вкусен, секогаш добредојден кога немате многу време или состојки, а сакате да приготвувате нешто убаво за вашите гости или најблиски.
Потребни состојки: 200 г бисквити за тирамису (пишкоти), 250 г чоколадо за готвење и 300 мл слатка павлака. Постапка: Секоја пишкота пресечете ја на четири помали парчиња. Потребни ви се 200 г пишкоти (едно пакување). Парчињата пишкоти ставете ги во некој подлабок сад.
Во тенџере ставете 300 мл слатка павлака и 250 г чоколадо за готвење искршено на коцки. Користите поквалитетно чоколадо, за да има колачот подобар вкус. Загревајте го на умерен оган, но не дозволувајте да зоврие. Мешајте постојано додека да се растопи чоколадото.
Од чоколадната глазура одвојте 200 мл, а остатокот прелијте го врз пишкотите. Промешајте со лажица додека рамномерно се натопат пишкотите од топлата чоколадна глазура. Земете еден сад со димензии 15х20 см или приближно и обложете го со проѕирна фолија).
Излејте ја смесата во калапот и рамномерно распоредете ја и израмнете (натапкајте со дното на една чаша). Потоа одозгора прелијте со 200 мл чоколадна глазура која претходно ја одвоивте. Одозгора наросете чоколадни снегулки или нешто по ваша желба.
Колачот оставете го еден час во фрижидер да се олади и стегне, а потоа можете да го извадите од проѕирната фолија, да го сечете на коцки или штангли и да го послужите. Колачот е многу вкусен и декоративен иако се приготвува толку брзо. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Прочитајте уште еден рецепт: Посен колач со џем од сливи и чоколадо – се подготвува за 5 минути, а не знаете колку е вкусен. Рецепт и видео презентација на Нермина од Nerkina kujna – посен колач со џем од сливи и чоколадо.
Овој колач навистина е многу брзо се приготвува од состојки кои веќе ги имате дома. Тестото за бисквитот со рака го натапкувате во плехот и го печете само 15 минути. Комбинацијата од џем од сливи и чоколадо е навистина нешто, што го прави овој колач неодолив.
Потребни состојки: 2,5 шолји (од 200 мл) брашно, 1 шолја шеќер, 1 шолја масло, 2 кафени лажички сода бикарбона, 1 лажичка цимет, 2 лажици џем од сливи. Постапка: Во подлабок сад измешајте го брашното и шеќерот, па додадете масло, сода бикарбона, и цимет.
Добро соединете ги состојките. Не ви е потребен мискер, мешајте со лажица. Пред крајот додадете 2 лажици џем и убаво изедначете ја смесата. Треба да добиете ровко тесто (како влажен песок). Плехот со димензии 20х30 см намастете го со малку масло и наросете го со брашно.
Вишокот истресете го. Потоа со рака распоредете ја смесата на дното од плехот. Убаво и рамномерно распоредете ја смесата, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути. За тоа време 100 г чоколадо за готвење искршете го на коцки и прелијте го со две лажици масло.
На тивок оган растопете го. Печената кора оставете ја малку да подизлади, па додека е топла премачкајте ја со џем од сливи. Најодзгора рамномерно прелијте ја чоколадната глазура. Оставете целосно да излади и да се стегне глазурата, па сечете го колачот на парчиња со величина по ваша желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.