Лекот направен од овие намирници има способност брзо да ги ги чисти белодробните крила, па дури и доколку сте пушач повеќе од пет години. Некои го нарекуваат вистински спасител за белите дробови, бидејќи го олеснува исфрлањето на слузта и прочистувањето.
Доколку сте пушач сигурно веќе ви е здодеано да ги слушате препораките дека најдобро за вашето здравје е да ги оставите ци-га-рите. Иако ги знаете штет-ните ефекти кои пушењето ги предизвикува, сепак не сакате да ја промените таа лоша навика.
Сепак, и ние ве советуваме дека треба да се свртите кон здравите навики, бидејќи о-тро-вите ви го ра-зо-руваат организмот и ве прават уште позависни. Сè се може со упорност, но вие веќе тоа сигурно го знаете. Хранете се поздраво, бидете физички активни и спроведувајте ги активностите кои најмногу ги сакате. Со малку труд ќе успеете и ќе се ослободите од зависноста.
Во прочистувањето на вашиот организам може многу да ви помогне и следниот домашен лек, со кој и полесно ќе го оставите пушењето. Овој лек има антиканцерен ефект и го зајакнува организмот и имунитетот. Пробајте го.
Потребни состојки: 400 г лук, 400 г мед, малку ѓумбиров корен (3-4 см), 2 лажици куркума и 1 литар вода
Постапка: ставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ги ситно исечканите (или изрендани) ѓумбир и лук. Тргнете го садот од оган и оставете да излади. Потоа додајте мед, лимон и куркума, па добро промешајте. Не треба да се процедува.
Употреба: двапати дневно, по 2 лажици наутро на празен стома и две лажици пред вечера. Се чува во стаклена тегла во фрижидер. Треба да се консумира барем две седмици континуирано, но веднаш за неколку дена ќе почувствувате подобрување.
За пушачи и непушачи: лек за исфрлање на катранот и слузта од белите дробови
Вкусен и домашен лек за регенерација на бели дробови кај пушачи, за имунитет, за сува и продуктивна кашлица. Ова е вкусен и здрав природен лек кој го чува вашето здравје и го зајакнува имунитетот. Бидејќи овој лек се приготвува со таан, сите што имаат високи вредности на маснотии треба да се консултираат со својот лекар.
Се користи за лекување на: бронхит, за прочистување на белите дробови, за сува и продуктивна кашлица, болно грло а особено е добар за пушачите. Единствено не смеат да го консумираат оние кои се алергични на мед и таан.
Потребни состојки: 500 г мед, 500 г таан, 2 мали лажички мелено ленено семе, 1 мала лажичка мелен синап
Постапка: во пластичен сад се ставаат сите состојки и убаво се мешаат. Откако мешавината ќе се изедначи, складирајте во чисти, стаклени тегли. Двете тегли убаво се затвораат и се чуваат на собна температура. Употреба: се зема со пластична лажичка едно наутро и едно навечер на гладно. / Рецепт и фотографија на Божиновски
Овој сируп ги чисти белите дробови на пушачите и ги исфрла секретот и катранот
Ако сте пушач, тогаш овој рецепт е токму за вас, иако можат да го консумираат и непушачите. Всушност, ова е еден многу стар рецепт кој го знаеле и нашите баби, па секогаш го приготвувале во време на вируси и настинки. Се приготвува многу едноставно.
Сите потребни состојки ги има речиси во секоја кујна. Со овој сируп се исфрла секретот и катранот. Добро е да се приготви и во текот на зимата и пролетта кога имате вирусна инфекција со кашлица и затнат нос и на тој начин да обезбедите здравје на вашиот систем за дишење.
Потребни состојки: 500 г кромид, 500 г кафеав шеќер, 1,5 литар вода, 2 лимони – сок, 7 супени лажици мед
Постапка: шеќерот ставете го на умерен оган за да се стопи и карамелизира. Мешајте повремено и внимавајте да не ви загори. Кога ќе добиете светол карамел, додајте го излупениот и ситно исечкан кромид, па мешајте со дрвена лажица за да ги испушти соковите.
После една минута, внимателно додајте вода, промешајте и оставете да врие на умерен оган додека да испари една третина од течноста. Процедете низ газа, па додајте го сокот од двата лимони, па додајте и мед. Убаво промешајте за да се изедначи, а медот да се растопи.
Складирајте во стаклено шише и чувајте во фрижидер. За чистење на белите дробови се пие по 1 супена лажица пред јадење на празен стомак. Се пие додека да се потроши целиот сируп. Следната доза може да се приготви за околу 3 месеци. Бидете здрави!
Дури и долгогодишни пушачи веднаш престануваат со пушењето: Смесата се прави за 2 минути
Познатата докторка Антонина Сципина од Русија ги советува своите пациенти како да престанат да пушат за само неколку денови. Навистина е чу-десно како оваа смеса делува, дури и подобро од нико-тинските фластери. Ја поништува секоја желба за никотин во вашето тело, а приготвувањето е многу едноставно. Доколку не сте набрале тегавец оваа година, побарајте го во Билна аптека.
РЕЦЕПТ: земете неколку суви листови тегавец (околу една шака), ставете ги во тегла и прелијте ги со половина литар зовриена вода. Теглата оставете ја да отстои два часа, а потоа процедете. Течноста треба да се испие во текот на денот. Со секој следен ден, според докторката, вашата желба за нико-тин би требало се повеќе да слабее.
Тегавецот е предмет на бројни научни истражувања, меѓу кои, токму за нико-тинското одвикнување и завис-ности од ту-тунско ужи-вање. Не само што помага во чистење на белите дробови, туку ја намалува потреба на организмот за нико-тин. Ако го пиете овој чај седум дена, ќе забележите огромно намалување на анксиоз-ната завис-ност.
После неколку дена ќе немате потреба за пушење. Ако го пиете овој чај еден месец, најверојатно засекогаш ќе престанете со пушење. Можете да ги џвакате свежите листови Лековитоста на тегавецот е огромна. Постојат археолошки записи кои сведочат дека тегавецот се користел уште во римско време во Велика Британија.
Чајот од лист и тегавец помага кај заболувања на дишните органи и кај кашлица. Особено се користи во комбинација со мајчина душичка за зголемување на дејството. Во овој случај, комбинацијата е особено делотворна кај бронхитис и астма, како и кај заболувања на црниот дроб и мочниот меур.
Сирупот од тегавец ја прочистува кр-вта, а самиот лист помага за лекување на сите видови рани, убо-ди од инсекти, посе-котини и изго-реници. Доволно е да направите облога од изгме-чен и издробен лист од тегавец и да ја фиксирате со завој.