Home Рецепти ПОТПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО СЛАНИНА, превкусен ручек, маж ми секој ден бара ова...

ПОТПЕЧЕНИ ПАЛАЧИНКИ СО СЛАНИНА, превкусен ручек, маж ми секој ден бара ова да го спремам

ПРЕВКУСЕН РУЧЕК СО ПАЛАЧИНКИ ВО ФИЛ ОД СЛАНИНА, маж ми секој ден бара ова го да му го подготвувам. Рецепт на Гурман ТВ. Многу вкусен и обилен ручек со палачинки, нема да зажалите ако го направите, но, ќе ви бидат потребни многу јајца.




Се исплати да го направите зошто е толку обилен што не може многу да изедете, а ќе имате и за вечера. Прво се подготвуваат палачинките, се печат, па се почнат со фил и одозгора се преливаат со глазура.




Потребни состојки за палачинки: 8 јајца, 5 г сол, 300 г брашно, 6 лажици масло, 450 мл млеко. За фил: 100 г сланина, 5 јајца, 150 г кајмак, прстофат кари, сол по вкус, 50 г младо лукче. За глазура: 8 јајца, 150 г кајмак, сол по вкус, 140 г рендан кашкавал.




Постапка: Прво ја подготвувате смесата за палачинки. Во подлабок сад ставете ги 8-те јајца, посолете и разматете ја пенасто смесата со миксер. Потоа додајте го брашното, маслото и млекото и повторно соединете се со миксер.




Загрејте нелепливо тавче за палачинки и печете една по една палачинка по 1-2 минути по страна додека да зарумени. Палачинките складирајте ги во поголема чинија. Подготовка на филот: Ситно исечкајте ја сланината на коцки.




Ставете да се запржи во тавче додека да порумени, а во меѓувреме подгответе смеса од 5 јајца со сол. Разматете ги јајцата и во нив додајте го кајмакот. Оваа смеса прелијте ја во тавчето со пржена сланина и со постојано мешање на ниска температура направете омлет.




Во омлетот додајте прстофат кари, а за солта внимавајте бидејќи и сланината е доста солена. Пред да го тргнете омлетот од рингла додајте го ситно исечканото младо лукче и промешајте.




Секоја палачинка полнете ја со 1-2 супени лажици од филот на една страна, а потоа свиткајте ја на половина, и потоа на уште една половина – да добие изглед на триаголник. Вака палачинките редете ги во кружен намастен огноотпорен сад со врвот накај средина.




Наредете еден ред палачинки, значи 4 на дното, а одозгора прелијте со следнава смеса: Изматете ги последните 8 јајца, во нив додајте го кајмакот, солта. Прелијте врз палачинките половина од смесата.




Одозгора наросете со 70 г рендан кашкавал, па наредете уште 4 палачинки односно уште еден слој. Потоа преливате со остатокот од течната смеса, наросувате со другата половина од кашкавалот и ставате на печење.




Палачинките се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути. Ручекот се послужува топол, но и ладен е подеднакво вкусен. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.