Постојат неколку методи кои последните децении се цел на научни прочувања, а се однесуваат на регенерација на телото, продолжување на животот и исфрлање на болните клетки. Еве што треба да се направи за себеси да си го продолжите животот.

Митохондриите се органели кои произведуваат енергија. Со друг збор тие се “енергетски капсули” во човековото тело. Тие се таков вид на органели кои се хранат и штитат на сметка на самите клетки, а за возврат им овозможуваат правилна количина на енергија.

Изненадувачки е тоа што овие органели имаат специфичен однос со другите микробиотички бактерии кои се наоѓаат во телото.

БИОРИТАМОТ НА МИТОХОНДРИИТЕ ИЛИ КАКО ДА ГИ ИЗЛЕКУВАТЕ МИТОХОНДРИИТЕ

Уште многу одамна постои медицинска пракса и здравствен кодекс, чија корисност е неоспорна.

На пример, да се потсетиме на Салеринскиот кодекс од 15.век кој вели дека одредена храна треба да се јаде во одредено време, и тоа не само во одреден период од денот, туку и во одреден период во годината.

Овие информации всушност се однесуваат на митохондриите, бидејќи одамна се запознати со механизмите на сезонската храна.

Ако лицето консумира многу шеќер, за митохондриите тоа значи дека е лето. Пролетта е период на прочистување, па затоа привремата рестрикциска исхрана и одбивање на храна во овој период може да биде од корист.

Зимно време голем број намирници стануваат недостапни, како што е свежиот зеленчук, овошјето, зеленилото и бобинките, па за телото е подобро да се снабди со масти. Затоа зимно време се препорачуваат следните намирници:

Билни масти, свинско месо, јагнешко месо, паткина или гускина маст. Важно е да се има во предвис сезоналноста кога се составува диетата, но не треба да се заборави ниту на моментната здравствена состојба на телото.

Постојат таканаречени “слаби митохондрии” од кои телото треба да се ослободи. За таа цел е развиен механизмот на митофагиите, кога силните органели ги апсорбираат слабите.

Доколку едно лице има слаби митохондрии, тоа ги има следниве симптоми:

-слабост дури и после помала физичка активност/тренинг
-раздразливост
-агресија без причина
-проблем со меморија
-пореметување во спиењето

За да се ослободите од слабите органели, доволно е да ја земете во предвид сезонската исхрана, да применувате силни тренинзи и да се изложувате на висока или ниска температура.

ЕКСТРЕМНО ОПТЕРЕТУВАЊЕ

Човековото тело има способност да се обновува, но ништо нема да се случи ако оваа способност не ја искористите. Древните луѓе на пример го отпочнувале процесот на обнова така што бегале од предаторот: Кога ќе започнеле да трчаат толку многу брзо за да избегаат и да го спасат животот, а потоа ќе се скриеле во пештерата и таму ќе паднеле од исцрпеност. Ете вака треба да изгледа еден силен физички тренинг кој има способност да го обнови телото.

Само ваквата интензивна физичка активност може брзо да ги идентификува и да ги уништи слабите митохондрии. Современите луѓе не бегаат од диви животни, но можат да искористат други методи за “ресетирање”.

-треба да пливате најбрзо што можете;
-да направите многу сквотови (чучњеви), колку што можете повеќе;
-да влечете силно тешки предмети.

Кога ќе се уништат слабите органели, силните многу побрзо ќе се размножуваат. А колку има повеќе здрави митохондрии, толку телото станува поотпорно. Редовно изложувајте го вашето тело на интензивен тренинг, најмалку еднаш седмично.

Покрај тренинг, врз органелите може да влијаат и ниските температури.

ЛАДНА ТЕРМОГЕНЕЗА

Ниските температури ги уништуваат слабите митохондрии. Голем број модерни клиники имаат криосауни со температури под 100 степени. Ваквиот студ е најсилниот стрес за органелите, па оние послабите нема да преживеат.

Невозможно е да се постигне таков ефект во домашни услови, па дури и ако некој се нурне во ладна бања без претходна подготовка, рикикува да се разболи, особено да ја поремети работата на надбубрежните жлезди.

Подобро е да се применат некои други методи, како на пример, да се протрие лицето со парче мраз, или да се примени туширање со наизменична топло-ладна вода.

Инаку, врз слабите митохондрии можно е да се влијае не само со ниски, туку и со високи температури, па на многумина добро би им користела топлата бања или сауната.

Да сумираме: Клетките во телото можат да се обноват ако јадете сезонска храна, 3 пати седмично ако имате интензивен тренинг и телото ако го изложувате на температурни промени (снег или сауна).