Единствената вистинска обланда е онаа „старинската“ која ја правеа нашите баби, со ореви. Вреди секоја минута помината в кујна за да ја подготвите.
Прекрасниот вкус на карамелизирано млеко со јаткасти плодови во крцкави наполитанки. Еве што ви е потребно според рецептот на Александра:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 700 г шеќер, 250 г путер, 300 г мелени ореви, 5 големи листови обланди
ПОСТАПКА: Во поголемо тенџере сипете го млекото и ставете го на оган да зоврие. Мешајте повремено за да не се залепи на дното на средна температура. Немојте на најсилна температура, бидејќи ќе загори.
Кога млекото ќе зоврие, додајте го шеќерот и варете на средна температура со повремено мешање.
По 30 минути, продолжете со готвењето уште 30 минути, но со почесто мешање. По 60 минути додајте путер, мешајте додека да се растопи, потоа додајте ореви и измешајте сè.
Времето за готвење на кремот е помеѓу 60 и 70 минути, во зависност од јачината на огнот на кој готвите.
Ако готвите подолго од ова, кога ќе се олади, ќе стане зашеќерено, што не е препорачливо.
60 минути се сосема доволни, дури и ако ви се чини дека тоа е ретко. Намачкајте 2,5 до 3 кутлачи фил на секој лист обланда, на грубата страна.
На крајот оптеретете со нешто за да не се кренат листовите. Тепсија, тавче, било каков плех со големина на обландата и одозгора кесаод 1 килограм брашно или шеќер или некоја поголема даска ќе бидат доволни.
Кога ќе се олади обландата може да се послужи веднаш. Видеопрезентацијата од целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ.