Ситуацијата со корона вирусот во светот станува алармантна. Се чини дека деновиве тој го достигнува својот пик во Соединетите Американски држави, но и западно европските државаи, како Германија, Шпанија, Италија, Швајцарија…
Околу една третина од светското население е во некаков карантин, наметнат од државите. Некаде е тој поригорозен, некаде со поблаги мерки.
Препораките насекаде е да се седи дома, со единствена цел. Да се развлече временскиот период во кој голем процент од населението ќе се зарази, за да не се преоптовари здравствениот систем, како што тоа се случи во Италија.
Има некои дејности, кои и покрај забраните, се од значење за граѓаните, па мораат да функционираат. Тоа се маркетите, аптеките, банкарскиот сектор, здравствените установи, органите за јавен ред и безбедност.
Вработените во овие институции и покрај заштитата која им е препорачана, се исплашени од фактот што имаат преголем контакт со луѓе.
Но најголемата дилема која ја имаат многумина е дали го имаат прележано вирусот асимптоматски. Зошто? Затоа што 80 проценти од оние кои ќе се заразат, ќе го поминат вирусот со благи или никакви симптоми.
Како да знаеме дека сме го прележале Корона вирусот?
Доколку знаеме дека вирусот го имаме прележано, можеме слободно и без страв да се вратиме на секојдневните обврски. Бидејќи досегашните податоци со кои располагаат епидемиолозите и вирусолозите, кажуваат дека вирусот е стабилен и доколку еднаш се прележи или се прими вакцина, имуноста на Ковид-19 ќе биде доживотна.
Тестот за Корона вирусот не може да даде податок дали вирусот некој го прележал, туку само дали во моментот тој е активен во неговиот организам. Но други параметри од крвната слика, можат да дадат таков податок!
IgG- IgM Rapid Test – е серумски тест кој го го утврдува присуството на две антитела, при што IgG покажува дека пациентот бил во контакт со вирусот, веќе изградил имунитет и не е заболен, додека присуството на IgM укажува дека пациентот е инфициран и веројатно заразен од вирусот Ковид -19.
Нашите лабаратории ги прават овие тестови, така да наједноставен начин да се дознае дали некој бил во контакт и асимптоматски го прележал Коронавирусот е да го направи IgG-IgM тестот.
Петар П.