Минимум еднаш годишно, теписите во секое домаќинство мораат да бидат исчистени, бидејќи тие можат да бидат извонредно складиште за бактерии, алергени, прашина и други нечистотии.
Во секој град постојат служби кои оваа работа ќе ја завршат наместо вас, но, оние кои немаат доволно финансиски средства да си го дозволат сервисот, можат да се обидат и сами дома да ја завршат работата.
Општо е мислењето дека доколку тепихот не се помине со вода и некакво средство за чистење, тој нема да биде сјаен, односно нечистотијата ќе остане.
Со постапката која ќе ви ја предложиме, тепихот ќе ја врати својата мекост, ќе се отстранат дамките и нечистотијата, дури и оние постарите, а боите ќе сјаат како кога бил нов!
Постапка:
– Тепихот најпрво всмукајте го со правосмукалка
– Потоа, чиста памучна крпа навлажнете ја со оцет
– Со крпата пребришете го целиот тепих
– Навлажнете со вода друга чиста крпа, а потоа врз неа нанесете сода бикарбона
– Повторно и со втората крпа пребришете го тепихот
– Сега оставете 20-25 минути
– Тепихот повторно всмукајте го со правосмукалка
Тоа е тоа, вашиот тепих ќе засјае, а ќе бидат отстранети дури и молците и другите штетници кои не се видливи со голо око.