Салатата е сонча, зеленчукува со многу добар вкус кој исто така, е заситен.
Намирниците речиси сите ги имате, единствено нешто што можеби ќе треба да го купите е посниот мајонез, кој денес го има во различни вкусови.
Потребни состојки:
1 кг компир
150 г целер
1 главица кромид
500 г морков
250 г посен мајонез
200 г кисели краставички
1 лажица сенф
Малку сол, малку црн пипер, неколку лажички од течноста од теглата на киселите краставички
Постапка:
Зеленчукот добро измијте го и сварете го со кора. Оставете да излади па излупете го.
Краставичките ситно изрендајте ги, измешајте ги со мајонез, сенф, посолете и запиперете.
Во смесата додадете и малку од течноста (киселината) од теглата во која се саламуреле краставичките.
Компирот исечете го како за потенок помфрит.
Редете: компири, премаз од кисели краставички, рендан морков и целер, пак компир и така наизменично.
Оставете ја салатата во фрижидер да се стегне и да се спојат вкусовите. Извадете од калап и декорирајте по желба.
Serpica.net