Потребни состојки:
1 црвена пиперка
10 кисели краставички
копар по вкус
4 супени лажици мелени и сечкани ореви
1 конзерва пченка или смрзната па варена
јаболкова киселина или лимонов сол
маслиново масло
Постапка:
Пиперката, краставичките и копарот ситно се сечкаат.
Исечканите состојки, мелените ореви и пченката се мешаат.
Се додава киселина и масло, па повторно се промешува.
Салатата можете да ја поросите одозгора со семе или зачин по вкус.