Ако го направите ова јадење, верувајте ќе бидете воодушевени. Многу едноставно се приготвува, а излегува многу вкусно. Ова е „компир од рерна“ со кромид, бабура пиперка и „жива“ запршка. „Жива“ запршка или „подмет“ се нарекува вид на слатка запрѓка кај која брашното се разматува со вода, а не се пржи во масло.
Овој вид на запршка е многу поздрава од онаа со маслото, а секогаш го постигнува истиот ефект на густина. Исто така, во овој рецепт на дното и малку врз компирите се става масло, но доколку постите „на вода“ тогаш овој чекор прескокнете го. Рецепт на Александра.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 1 поголема главица кромид или две помали, 2 бабури пиперки или 2-3 обични, 1 голем морков, 2 лажици брашно, 1 лажица сув зеленчуков зачин (вегета), 1 лажица црвен мелен пипер во прав, 100 мл масло (за пост на вода изземете го маслото).
ПОСТАПКА: Кромидот изчистете го и исечкјате го на полумесеченки или коцки. Наредете го на дното од тепсијата. Прелијте го со малку масло. Компирот исто така, измијте го и излупете го, па исечете го по должина на покрупни парчиња.
Компирот наредете го врз кромидот. Излејте уште малку масло, колку да се нароси. Потоа исчистете ги пиперките, па и нив исечкјате ги и наредете ги врз компирот. Морковот излупете го и исечкајте го на тркалца, па и тој ставете го одозгора.
Одозгора наросете сув зеленчуков зачин, запиперете по вкус и додајте зачини по ваш избор, па прелијте сè со 2 чаши вода (400-500 мл). Ставете да се пече во претходно загреана рерна, околу еден час.
После еден час разматете ги брашното и црвениот пипер со една чаша вода, убаво да нема грутчиња, па оваа смеса прелијте ја рамномерно преку јадењето.
Вратете ја тепсијата назад во рерна и печете уште половина час или додека да се потпече. Еве уште еден предлог за вкусно јадење: ПОСНО ЈАДЕЊЕ КОЕ ЌЕ ВИ СТАНЕ ОМИЛЕНО: Со 3 компири и малку зелка направете кралски оброк
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г компири ( 3 средно големи компири со величина на дланка), маслиново масло, 2 помали главици кромид, половина главица зелка (приближно 500 г), сол и црн пипер по вкус, рузмарин или други зачински билки по ваш вкус
ПОСТАПКА: Компирите измијте ги под млаз вода, излупете ги, а потоа исечете ги на долгнавести стапчиња како за помфрит, па преполовете ги на помали, со величина на залак. Сечењето на компирите може да биде и индивидуално, на коцки или други форми, по желба.
Измијте ги добро во ладна вода (ова е важно да го направите за да добијат тенка, крцкава кора). Потоа процедете ги, исплакнете ги уште еднаш, па добро исцедени истресете ги врз памучна, кујнска крпа и добро избришете ги, да нема влажност на нив.
Во нелеплива тава ставете малку маслиново масло и загрејте го на умерена температура. Спуштете ги компирите и пржете ги во маслото 10-тина минути со протресување на тавата и повремено промешување додека да заруменат.
За тоа време исчистете две помали главици кромид и исечкјате ги на тенки полумесечинки, а зелката исечкајте ја на долги тенки ленти со помош на ноже за лупење компири, или исечкајте ја ситно, вообичаено како што ја сечете за салата.
Кога компирите ќе добијат златна боја, во нив додајте го сечканиот кромид и продолжете со пржењето уште три минути додека и кромидот да омекне. Потоа додајте ја ситно сечканата зелла и продолжете со динстање на умерена температура уште 15-20 минути.
Кога ќе омекне зеленчукот, тргнете ја тавата на страна. Потоа посолете, запиперете и додајте прстофат (половина лажичка) сув рузмарин или пак некој друг зачин по ваш вкус. Промешајте и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.