Ваљушки е старо посно јадење од Војводина, се приготвува со варен компир, домашни тестенини со посно тесто и на крај се залева со пржен кромид и зачини. Ова јадење е одлично за време на пост, бидејќи е многу вкусно и долго ве држи сити. Колку повеќе кромид употребите, толку е повкусно.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3-4 големи компири, 250 г брашно + 100 г при месење, 2 лажици масло, 1 лажичка сол, 200 мл млака вода, 5 поголеми + 3 помали главици кромид, 2 лажички слатка црвена пиперка во прав, ½ лажичка црн пипер, 1 прстофат сол, 2 лажички сув зеленчуков зачин (вегета).
ПОСТАПКА: Сварете 3-4 поголеми компири исечени на коцки. Кога е сварен компирот процедете го и префрлете го во поголем сад. После компирот се приготвува тестото. Во еден сад се става 250 г брашно, 2 лажици масло, 1 лажичка сол, 200 мл млака вода и се замесува тесто како за пита. Ќе ви биде потребно уште околу 100 г брашно за месењето на тестото.
Кога тестото е замесено се развлекува во кора како за пица и се сече на коцки. Тенџере со вода се става на оган, па кога ќе зоврие водата внатре се спуштаат коцките тесто. Кога ќе исплива на површина готово е. Ставајте малку по малку, не ги ставајте сите коцки тесто одеднаш, за да можат убаво да се сварат. Вареното тесто процедете го и ставете го во варениот компир.
Кромидот исечете го на ленти и ставете го во тава со масло. Динстајте го додека да омекне, па додајте 2 лажички слатка пиперка и половина лажичка црн пипер. Промешајте. Кога ќе се соедини, полека додатеј го пржениот кромид и малку од маслото во кое се пржеше.
Не го додавајте целото масло за да не ви излезе премасно јадењето, туку по вкус. Од зачини уште додајте прстофат сол и 2 лажички сув зачин. Убаво промешајте и послужете. Јадењето е одлично за пост затоа што долго држи ситост. И колку повеќе ќе ставите кромид, толку јадењето е повкусно. / Фото и рецепт: Билјана Симич
II РЕЦЕПТ. Мусака со ориз и зеленчук, вкусно јадење за целото семејство. Фотографии и рецепт на Верица Николиќ – Посна мусака со ориз и зеленчук. Вкусен посен ручек од ориз и фил од спанаќ со печурки. Може да се послужи како главно јадење или како прилог на главното јадење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши (од 180 мл) ориз, 4 чаши вода, ½ лажичка сол, 1 лажичка сув зачин (вегета), 1 лажичка мелен црн пипер, 1 средна главица виолетов кромид, 4 средни кисели пиперки, 3 лажици масло, 1 лажичка куркума.
ЗА ФИЛ: 300 г исчистен спанаќ, 200 г шампињони печурки, 1 средна главица виолетов кромид, 2 средни моркови, 2 чешниња лук, 1 лажичка сув зачин, 100 мл масло.
ПОСТАПКА: За ориз – кромидот ситно исечкајте го, а киселата пиперка исечкајте ја на коцки. На малку масло многу кратко пропржете ги кромидот и пиперките (околу 5 минути се доволни). Оризот добро измијте го под млаз ладна вода.
Четири чаши вода ставете во подлабок сад, додајте сол и масло, па ставете да проврие. Во зовриената вода додајте го оризот, промешајте, намалете ја температурата и поклопете го садот.
На тивок оган варете го оризот без мешање, сè додека да остане вода само при дното. Тргнете го оризот на страна, пробајте дали е сварен и додајте мелен црн пипер, сув билен зачин и куркума. Нежно промешајте, поклопете и оставете на страна.
За фил: Спанаќот исечете го на ленти, шампињоните на листови, кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а морковот крупно изрендајте го. Маслото ставете да се загрее во соодветен сад, па потоа додајте ги кромидот и морковот. Динстајте пет минути. Додајте ги печурките, лукот и спанаќот.
Продолжете со динстање додека да испати водата која ја испуштил спанаќот, за зачинете по вкус, промешајте и тргнете на страна. Во изладениот ориз додајте го пропржениот кромид и пиперки и промешајте. Тепсија со величина 30 см намастете ја со масло и ставете половина од оризот. Израмнете со лажица.
Одозгора распоредете го филот и прекријте одозгора со остатокот од оризот. Израмнете. Одозгора прелијте 100 мл масло и со црвен пипер во прав означете коцки. Прекријте ја тепсијата со алу-фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. / Фотографии и рецепт на Верица Николиќ