Многу луѓе често се жалат дека гравот им предизвикува многу гасови после јадење, но сепак одлучуваат да го јадат поради тоа што е вкусен. Гравот е традиционално македонско јадење, но некогаш доколку не се третира добро може да предизвика големи непријатности на стомакот кои може да траат со денови.




За да се намалат овие тегоби, гасовите и подуеноста после конcyмирањето, додека го готвите гравот додејте ловоров лист, ким, мајоран, мајчина душичка, ѓумбир, нане и малку сода бикарбона. Сите овие зачини се додаваат во мала количина за да не доминираат и да не го променат карактеристичниот вкус на гравот.




Неквалитетниот и стариот грав може и никогаш да не се свари убаво како што би требало, а особено е проблематичен оној кој продавачите го мешаат стар со млад грав. Па затоа, доколку сакате вкусно јадење од грав, набавувајте го од проверени произведувачи.




Следниот рецепт за грав излегува како вкусна кремаста чорбичка и се подготвува според старинскиот начин да отстои во вода преку ноќ или 10-12 часа. Еве што ви е потребно за да ја направите оваа чорба:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г брашно, 150 г кромид, 1 лист од ловор, 50 г ситно сечкан морков, 20 г брашно (за густина), 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка копар, 1 мала лажичка слатка зачинска пиперка, 1 мала лажичка мешавина од суви зачини (вегета).




ПОСТАПКА: Гравот се става во тенџере и се прелива со 1,5 вода, на собна температура. Тенџерето се покрива со соодветниот капак и се остава да ,,кисне” 10-12 часа или најдобро се остава преку цела вечер.




Следниот ден се процедува од водата, се прелива со нова вода и се става на рингла. Варете додека водата да зоврие, а по првиот клуч, оставете да се вари уште 5 минути. Доколку на површината се создаде пена, отстранете ја со лажица.




Потоа гравот се процедува од водата, се прелива во сад и се мие со топла вода (длабински). Се префрла во друго тенџере, се додава 2 литри нова вода, ситно сечкан кромид на коцки, сол и 1 ловоров лист за убав шмек и спречување на гасови.




По зовривањето, се остава да вари точно 60 минути на средна температура. Настрана се прави мешавина од брашно и во неа се додава по малку вода додека да се направи фина паста. Кога смесата ќе стане погуста се додава 1 лажичка сладок пипер, се соединува, а по потреба се долива уште малку вода.




Кога ќе се направи полугуста смеса од зачините и брашното, а потоа се префрла во тенџерето каде што се вари гравот. Се додава ситно сечкан морков (може и изрендан), потоа се додава зачинската пиперка, па се остава да вари уште 30 минути.




По изминатото време, се додава копарот и се вари уште 2-3 минути со мешање. Потоа гравот се послужува, доколку е сварен, но по ова време веќе би требало да биде. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.