Потребни состојки:
500 г кори
250 г мелени ореви
250 г чоколадо за готвење
700 г шеќер
250 г магарин
Постапка:
Истопете го чоколадото на пареа, додадете ги мелените ореви. На секоја кора нанесете од филот и намотајте ја во ролна па редете на плех. Со оштар нож пресечете мали баклавички.
Стопете го маргаринот и прелијте го преку баклавата.
Во 600 мл вода истопете 700 г шеќер кој треба во целост да се растопи.
Печете ја баклавата на 200 степени околу 15 минути, а потоа прелијте со врелиот шербет.