Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ – според рецептот на Наталија. Неодолив вкус, без готвење, без печење, само три состојки – мелени ореви, мелени бисквити и џем од кајсии со крцкав слој чоколадо однадвор. Толку многу се сочни што се топат во уста.
Потребни состојки за 34 топчиња: 150 г мелени ореви , 200 г мелени бисквити посни , 5 полни лажици џем од кајсии (околу 300 г) и 1 лажичка арома од ванила.
За глазура: 150 г чоколадо за готвење, 1 лажица масло и уште: малку сечкани ореви за декорација
Постапка: Сомелете ги оревите, а потоа и бисквитите. Измешајте ги во една чинија, па додајте го џемот од кајсии.
Не ја додавајте одеднаш целата количина џем, туку лажица по лажица додека да добиете компактна смеса од која може да се обликуваат бомбиците.
Смесата не треба да биде сува и да се рони, но исто така, не смее да биде премногу мека и леплива. Додајте и ванила па пробајте ја смесата дали ви е доволно слатка. Ако сметате дека не е, слободно додајте малку шеќер во прав по вкус.
Оваа смеса ставете ја во фрижидер околу половина час до еден час за да излади и да може полесно да се обликуваат топчињата. Од изладената смеса вадете со лажичка и формирајте топчиња.
Редете ги во тепсија обложена со хартија за печење, па повторно вратете ги во фрижидер додека ја приготвувате глазурата.
За глазура: во помало тенџере растопете го искршеното чоколадо со масло, на најмала температура со постојано мешање.
Оставете 5-10 минути да излади, а потоа со виљушка спуштајте ги топчињата во глазурата и со помош на лажица потурајте ги од сите страни. Почекајте малку да се исцеди вишокот, па повторно редете ги врз хартијата.
Додека чоколадото сè уште не е стврднато, одозгора наросете ги со малку сечкани ореви и со прстот малку притиснете за да се залепат за глазурата.
Откако малку ќе изладат на собна температура можете слободно да ги ставите во фрижидер до послужување.
Жербо топчињата можете само да ги валкате во мелени/сечкани ореви или нешто по ваш вкус и желба. Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ – според рецептот на Наталија