Посни стекови што ги воодушевуваат и љубителите на месо – дали би ги пробале?
Ако барате хранлив, вкусен и модерен посен рецепт што лесно може да го замени месото, овие посни стекови од леќа се вистински избор.
Крцкави однадвор, сочни однатре, со длабок вкус збогатен со природни зачини и богат сос – ова јадење е идеално и за секојдневен ручек и за впечатливо сервирање.
Дополнително, комбинацијата со крем пире од компири и ароматичен сос го прави рецептот совршен и за љубителите на традиционална кујна и за оние што бараат современи, здрави решенија во исхраната, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🛒 Потребни состојки
За посните стекови:
• 200 г леќа
• 1 главица кромид
• 2 чешниња лук
• 80 г овесни снегулки
• 2 лажици доматно пире
• 1 лажица соја сос
• 1 лажичка црвен пипер
• 1 лажичка сол
• 1/2 лажичка црн пипер
• 1 лажица брашно
• масло по потреба
За крем пире:
• 800 г компири
• 50 мл растително млеко
• 2 лажици растителен путер
• сол по вкус
• НМД
За богат зеленчуков сос:
• 1 морков
• 120 г бел грав (варен или од конзерва)
• 1 главица кромид
• 1 лажица доматно пире
• 1 лажица брашно
• 400 мл зеленчуков булјон
• 1 лажица соја сос
• 1 лажичка јаворов сируп
• 1 лажичка балсамико оцет


👩🍳 Постапка
1. Подготовка на леќата
Леќата ставете ја во тенџере со вода и варете околу 10–12 минути додека омекне. Исцедете ја добро и оставете да се излади.
2. Подготовка на смесата
Во тава со малку масло кратко пропржете ситно сечкан кромид и лук.
Во сад додајте ја леќата, пропржениот кромид и лук, овесните снегулки, доматното пире, соја сосот, црвен пипер, сол, црн пипер и брашно.
Измешајте убаво и оставете смесата да одмори околу 10 минути.
3. Формирање и печење
Од смесата оформете стекови (или поголеми плескавици).
Во загреана тава со масло пржете ги додека добијат златно-кафеава, крцкава кора од двете страни.
4. Подготовка на сосот
Во тенџере пропржете ситно сечкан кромид, додајте морков исечкан на коцки и динстајте.
Додајте доматно пире и кратко пропржете, потоа додајте брашно и промешајте.
Сипете зеленчуков булјон, додајте грав, соја сос, балсамико оцет и јаворов сируп.
Гответе додека сосот се згусне и добие богат вкус.
5. Крем пире
Компирите сварете ги, изгмечете ги и додајте растително млеко, растителен путер/маргарин и сол.
Мешајте додека добиете мазен крем.
🍽️ Сервирање
Послужете ги стековите врз крем пире и прелијте со топол сос.
Ова јадење совршено се комбинира со свежа салата и топол домашен леб.
Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































