Овие колачи се идеални за новогодишните празници. Подготовката е многу лесна и едноставна, не можете да погрешите со овој рецепт, а ќе добиете прекрасни бисквитни колачиња, идеални за кафе или чај.




Потребни состојки: 125 г маргарин или путер на собна температура, 50 г шеќер во прав, 2 ванилин шеќер, 50 г посен пудинг во прав (вкус по избор), 125 г брашно.

Според рецептот на Марко од видео прилогот, ќе ви бидат потребни следните состојки: 250 г посен маргарин или путер, 120 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 260 г брашно (130 г за чоколадниот дел и 130 г за ванила делот), 1 пудинг од чоколадо и 1 пудинг од ванила.




Постапка: Можете да одбирате вкус на пудинг според ваша желба, а според вкусот на пудингот што ќе го одберете, ќе добиете и такви бисквити: со вкус на ванила, чоколадо, јагода, карамел, малина… Сите наведени состојки убаво измешајте ги во еден сад. Брашното измешајте го најпрво со пудингот што сте го избрале, а потоа додавајте ги останатите состојки.




Путерот/маргаринот кој треба да омекнат на собна температура малку измиксајте го со миксерот. Потоа во него додадете го шеќерот во прав и ванилата, па продолжете со миксање. Вака пенасто изматениот путер поделете го на два дела, едниот за пудинг со чоколадо, а другиот за пудингот од ванила.




Постепено соединувајте, треба да добиете мазно тесто. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу половина час за да се стегне иако може и веднаш да се работи со него. Потоа уште еднаш премесете го, па обликувајте тенок ваљак.




Од него сечете мали парчиња, формирајте ги во топчиња, па притиснете ги одозгора со виљушка за да се добие шара. Може и директно да кинете од тестото и со дланките да гормирате мали топчиња и да ги редите веднаш во плехот обложен со хартија за печење.




Ако сакате да ви бидат како професионални купечки бисквити, можете да ги притиснувате во долната преграда од калапот за сечење варени јајца. Меѓутоа, и со виљушката се прават многу добри шари. Приготвените колачиња редете ги врз плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.




Рерната загрејте ја на 180 степени, а бисвитите се печат само околу 7-9 минути во зависност од рерната. Печените кекси оставете ги неколку минути да се подизлаат, па потоа наредете ги во чинијата за сервирање.




Значи што се однесува до пудингот, може да се користат разни вкусови, со тоа што треба да се води сметка да не се препечат и пудинг биксвитите да останат бели/светли. На насловната фотографија се бисквити направени од ванилин и чоколаден пудинг. Целата постапка можете да ја видите во видеото ОВДЕ.