За многумина омилениот појадок од детството сè уште е прженото лепче натопено во јајца, послужено со парче сирење и чаша јогурт, или пак, намачкано со џем и послужено со топол планински или чај од липа.

Пржени лепчиња: Ивана Станковиќ




За време на постите овој појадок најчесто се заменува со посна пита или лепче намачкано со некој посен намаз. Но, за сите љубители на пржените лепчиња имаме одличен рецепт со кој добивате уште повкусни од обичните, а дури можете и да ги зачинувате со различни зачини и секојпат да добивате нови вкусови.

рецепт 1




Потребните состојки ги имате во кујна, а за жолтата боја и вкусот кој многу потсетува на оние од јајца, се должи на сенфот. Потребно е само да приготвите смеса од брашно и вода кој е малку поретка од онаа за палачинките, во неа да ги натопувате лепчињата и истите да ги пржите во тиган на врело масло или да ги испечете во рерна.

рецепт 2




Ви ги претставуваме рецептите на Сања Милојевиќ и Драгана Симоновиќ кои се многу слични и едноствни, а кои ги користат трите основни состојки: брашно, вода и сенф. Вие самите можете да ги прилагодите по сопствен вкус со додавање или одземање на наведените зачини. Еве што ви е потребно:

рецепт 3




РЕЦЕПТ 1 (посни пржени лепчиња според Сања Милојевиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 парчиња леб (по можност бајат), 3 супени лажици брашно, 3 супени лажици сенф, 150 мл ладна вода (или по потреба), 1 мала лажичка прашок за печиво, сол по вкус, лук во прав и други зачини по вкус (магдонос, босилек, оригано..)




РЕЦЕПТ 2 (посни пржени лепчиња според Драгана Симоновиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 парчиња леб (вчерашен или завчерашен, но може да биде и свеж), 4 рамни лажици сенф (може помалку или повеќе, по вкус), 100-тина мл ладна вода, малку брашно по потреба, сол и црн пипер по вкус, зачини по вкус (не мора).

РЕЦЕПТ 3 (посни пржени лепчиња според Оливера) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г брашно, 4 супени лажици сенф, 50 мл вода (одокативно, по потреба), 5 парчиња леб, 40 мл масло




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во една чинија или длабок и широк сад ставете го брашното, додајте сенф, па започнете со постепено додавање на водата, малку по малку. Убаво мешајте за да не се создадат грутчиња.




Треба да добиете мазна смеса, по консизстенција нешто поретка од онаа за палачинките, па затоа водата треба да се додава постепено. На крај додајте го прашокот за печиво и зачините по вкус. Лукчето во прав совршено одговара и не се чувствува после пржењето.




Сипете две-три лажици масло во тиганот и оставете да се загрее на умерена температура, па натопувајте ги парчињата леб во смесата (исто како за вообичаени пржени лепчиња со јајца) и спуштајте ги во врелото масло. Пржете ги по 3-4 минути од двете страни додека да заруменат. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: изматете го сенфот со водата, малку масленце, брашно, сол и црн пипер, па направете смеса слична на тестото за палачинки. Потопувајте го лебот во оваа смеса, па пржете го во масло или печете го во рерна. Јас ги испробав двете верзии и двете се одлични.




ПОСТАПКА за рецепт 3: во еден сад сипете брашно, додајте сенф, а водата додаватеј ја постепено и мешајте за да добиете смеса без грутчиња, слична на онаа за палачинки. Парчињата леб валајте ги во смесата, па пржете ги вообичаено во тиган на загреано масло додека да заруменат од двете страни. Вода додавав одокативно, а сенф можете да ставете и повеќе.