ПОСНИ ПЛЕСКАВИЦИ И ЌЕБАПИ…(без соја)…Толку се вкусни и здрави, јадеме цел куп и кога не се пости…Еве што ви е потребно според рецептот на Бојана:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г пченични или јачменови снегулки
280 г кромид
4-6 чешниња лук
1 мала лажичка црвен лут пипер
1 голема лажица црвен благ пипер
1 голема лажица магдонос
сол и мелен црн пипер по вкус
1 голема лажица маслиново масло
1 лажица обично масло
ПОСТАПКА:
1.Сипете ги пченичните/јачменови снегулки во вода што врие и варете ги 2-3 минути. Оставете да набабрат малку време, а потоа процедете го вишокот вода.
2.Кромидот сомелете го и пропржете го на лажица масло, па додајте го во исцедените снегулки.
3.Додајте мелено лукче и многу ситно исечкан магдонос, зачинете по вкус, сипете лажица маслиново масло, па добро измесете ја смесата за да стане компактна.
4.Со намастени дланки обликувајте ќофтиња/плескавици или ќебапи и пржете ги на намастена тава, загреана на умерена температура.
5.Кога добро ќе зарумени од едната страна, дури тогаш превртете ја плескавицата и пржете ја уште кратко од другата страна. Пржените плескавици редете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.
Исто така, плескавиците може да ги наредите во плех обложен со хартија за печење и малку намастен, да ги намачкате со малку масло одозгора и да ги испечете на 200 степени додека малку да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.