Пиперките се многу вкусни, ќе уживате во секој залак, нема ни да забележите дека во смесата нема мелено месо…Еве што ви е потребно според рецептот на Верица Николиќ:

Рецепт и фотографии на Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 бабури со средна големина
200 г просо
200 г моркови
140 г праз
100 г печурки
300 г компири
80 г корен од целер
2 големи чешниња лук

И уште:
150 мл масло
400 мл варени домашни домати (сос или пасирани домати купени во продавница)
2 лажички сув билковен зачин
1 лажичка мелен црн пипер
1 лажица црвен пипер во прав
вода

Рецепт и фотографии на Верица Николиќ

ПОСТАПКА:

Пиперките исчистете ги од семките и оставете ги настрана. Ситно исечкајте ги морковот, празот, компирот, коренот од целер и лукот. Шампињоните исечкајте ги на коцки. Во соодветен сад ставете го маслото да се загрее.

Во загреаното масло додајте го целиот сечкан зеленчук и пржете го додека малку да омекне. Просото добро измијте го под ладна вода и исцедете го.

Кога зеленчукот ќе омекне, додајте зачини, мелениот црн и црвен пипер и сè добро измешајте. Вкусете и по потреба додајте повеќе зачини. Додајте го подготвеното просо и сè уште еднаш измешајте. Тргнете од оган малку да се излади.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Наполнете ги пиперките со приготвениот фил и затворете ги со кругови од исечен компир.

Рецепт и фотографии на Верица Николиќ

Наредете ги полнетите пиперки во длабока тава и секоја пиперка избоцкајте ја на неколку места со чепкалка (не е важно дали ќе ги наредите пиперките вертикално или легнато).

Кога ќе се наредат пиперките, прелијте ги со варен доматен сос и долејте ладна вода колку да ги покрие пиперките со течност. Поклопете ја тавата или добро покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна.

Кога течноста во пиперките ќе зоврие, намалете ја температурата на 180 степени и гответе ги пиперките еден час. Потоа извадете го капакот или алуминиумската фолија и вратете ги пиперките малку да заруменат. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.