Потребни состојки:

300 г брашно

500 мл газирана вода

100 мл масло

1 прашок за печиво

1 прстофат сол и малку сода бикрабона околу половина лажичка

Постапка:

Една по една намирница ги ставаме во сад за матење. Матете со миксер додека смесата да се изедначи и да нема грутчиња со конзистенција на јогурт. Смесата оставете ја 10-тина минути да одмори или додека се загрее ринглата.

На загреано тавче намастено со малку масло ставете кутлача од смесата и убаво распоредете. Печете на умерен оган, па кога ќе забележите дека краевите се одвојуваат, превртете ја палачинката и од другата страна, па печете уште минута-две и извадете.

Постапката повторувајте ја додека да се потроши целата смеса.

Палачинките филувајте ги со мед и ореви, џем или нешто по свој вкус.

Деталите погледнете ги во видеото: