Овие вкусни лепињи се најдоброто нешто што го јадам додека постам. Се прават од само неколку состојки, а вкусот мора сами да го доловите. За појадок или вечера се одличен избор и не би барала други рецепти, па и кога ќе заврши постот ќе продолжам да ги правам.




Јас понекогаш ги правам во поголема количина и половина од лепињите ги ставам во замрзнувач, а другата половина ги послужувам. Кога ќе сакам да ги искористам замрзнатите лепињи, само ги вадам од фрижидер и ги оставам да отстојат 5 минути, потоа малку ги загревам, а тестото е свежо како првиот ден. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 средни компири, 6 чаши брашно, 1 голема лажица сув квасец, 3 мали лажици сол (може и помалку), 1 мала лажица шеќер. Ќе ви биде потребно и малку вода која се додава постепено. Мерката за чаша е доволно да биде 1 шолја од 150-200 мл.




ПОСТАПКА: компирите добро измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги да се цедат во вангла со вода уште половина час да се измијат од скробот. Потоа истријте ги со сода бикарбона и добро исушете ги на памучна крпа. Излупете ги, па потоа исечкајте ги на ситни коцки како за варење.




Ставете ги во едно тенџере и прелијте ги со 1 чаша вода. Сепак не треба да додавате премногу вода, доволно е кога водата ќе ги прелие компирите. Гответе ги на ниска температура, а тенџерето поклопете го со капак. Повремено проверувајте да не испари водата, во тој случај додавајте по малку за да можат да продолжат со варење.




Потоа не ги процедувајте од водата туку со виљушка или рачен блендер направете кашесто пире кое треба да има потечна конзистентност од она кое што го правиме како прилог. Вака подготвеното пире префрлете го во длабок сад каде што ќе го замесите тестото.




Постепено започнете да додавате брашно. Количината на брашното зависи од неговиот квалитет. Додајте ги и останатите суви состојки како квасец, сол, шеќер и измешајте со шпатула. Продолжете да додавате брашно додека да замесите фино, меко и мазно тесто.




Кога веќе тестото нема да може да се меси со шпатула, преминете на месење со раце. Додавајте малку по малку 200 мл млака вода во тестото додека го замесувате. Тестото треба малку да биде лепливо кога ќе го замесите, но сепак соединето. Покријте го со најлонска фолија и оставете да нарасне 45 минути.




Тестото префрлете го на набрашнета површина и уште малку размесете го додека да престане да се лепи. Поделете го на 6 еднакви делови и формирајте топче од секој помал дел. Во набрашнета чинија редете ги топчињата и оставете ги да одморат уште 15 минути под фолија.




Потоа развлекувајте едно по едно топче колку што можете потенко. Вака подготвените лепињи се печат на нелепливо тавче без масло додека да добијат коричка од двете страни. Повремено вртете ги за да не се залепат, а ќе забележите како ќе се подујат за време на печењето. Кога ќе ги испечете може да ги премачкате со малку путер доколку не постите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.