Домашните мои вчера воопшто не забележаа дека јадат посни крофни. Си мислеа дека се оние што секојпат им ги приготвувам.

Потребни состојки:

250 мл млака вода
40 г свеж квасец
500 г брашно
50 г растително масло или маргарин
2 лажици шеќер

За наросување:

Шеќер во прав
2 ванилин шеќер во прав

Постапка:

Во млака вода ставете лажичка шеќер, издробен квасец и лажичка брашно. Оставете на топло 10-тина минути за да се активира квасецот.

Соединете ја маста/маргаринот со шеќерот, потоа додадете ја водата со стасаниот квасец и со постепено додавање на брашното замесете тесто.

Оставете го тестото да кисне за да го удвои својот волумен, па потоа правете ги крофните исто како што тоа го правите на вашиот вообичаен начин.

Добивате превкусни крофни кои многу тешко можете да ги распознавате дека не се „мрсни“.