Фото и рецепт: Јелена Митровиќ
За мерка се користат јогуртни чаши од 180 г или 200 мл
Потребни состојки:
2 чаши гриз
2 чаши брашно
1,5 филџан за кафе масло
1 кесичка сода бикарбона
2 чаши вода
3 лажици џем по ваш вкус
2-3 лажици кокосово брашно
Постапка:
1.Сите состојки по редоследот измешајте ги во подлабок сад.
2.Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна величина.
3.Ставете во загреана рерна да се пече на 200 степени околу половина час.
4.Со игла или чепкалка пробајте дали колачот е печен.
5.Извадете го печениот колач од рерна и оставете го да излади. Одозгора наросете го со кокосово брашно.
6.Пред сервирање исечете го на коцки.
Recepti.com