Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од “Направи Сама” (Uradi Sama) – посни ќофтоња во доматен сос.

Многумина од вас ми побараа да објавам некој посен рецепт кој ќе можете да го користите не само во време на пост и ако сте вегетаријанци, туку ова јадење може да стане и редовно во вашето мени.

Ќофте во доматен сос е многу хранливо и вкусно јадење кое сите ќе ве воодушеви. Основната смеса за ќофтињата се приготвува од ореви и леб. Како прилог може да се сварат посни шпагети, тестенини, ориз или компир, со тоа што ова ќофте во доматен сос совршено одговара со шпагети.

Потребни состојки:

220 г ореви
2 парчиња (кришки) леб
3 лажици маслиново масло
вода по потреба
2 чешниња лук
сув зачин, црн пипер и зачини по желба (тимјан, влашец)
1 главица кромид
500 мл доматен сос
малку масло за динстање

Постапка:

Оревите ставете ги во блендер и сомелете ги и истурете ги во поголем сад. Потоа во блендерот ставете две парчиња леб исечкан на поситни парчиња. Додадете лук и сомелете ги заедно лебот и лукот. Смесата додадете ја во оревите.

Додадете околу две лажички сув зачин (вегета), сув кромид или влашец, магдонос, оригано, црн пипер, тимијан или било кои други зачини кои вие ги сакате.

Во целата таа смеса додадете три лажици маслиново масло (или обично). Водата постепено додавајте ја околу 200 мл. Кога смесата ќе стане како влажен песок, односно кога ќе може да се обликува – смесата е готова.

Формирајте ги ќофтињата и редете ги во плех облоежен со хартија, па ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу половина час (после 15 минути превртете ги).

За тоа време на оган загрејте малку масло, па запржете го кромидот ситно исечкан. Во друг сад ставете вода да зоврие за да ги сварите шпагетите според упатството на кесичката.

За неколку минути во пржениот кромид додадете го доматниот сос, посолете и оставете на тивко да динста. Печните ќофтиња ставете ги во доматниот сос уште неколку минути заедно да се зготват и да се спојат вкусотвите, околу 2-3 минути. Сервирајте заедно со варените шпагети. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.