Фото и рецепт: Магдалена
Одлични топчиња, вкусни и декоративни. Посни и многу заразни, секогаш до последно се изедуваат.
Потребни состојки:
400 г брашно
250 г посен маргарин
5 лажици газирана вода
1 лажичка сол
150 г печени, несолени кикиритки, мелени
1 прашок за печиво
за валање: 100 г пржен сусам
Постапка:
Во подлабок сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, па додајте ги и мелените кикиритки.
Посебно изматете го маргаринот со солта, додадете газирана вода. Постепено додајте ја сувата мешавина и замесете го тестото со раце.
Откако добро ќе го измесите, тестото поделете го на четири делови и од секој дел направете валјак со пречник од 3 см.
Сечете тркалца со дебелина од 1 см и од секое формирајте топче. Готовите топчиња валајте ги во пржен сусам. Така изваланото топче само уште малку протријте го меѓу дланките за сусамот подобро да се залепи.
Топчињата редете ги во плех обложен со хартија и печете ги околу 20 минути на 180-200 степени додека убаво да заруменат.
Овие солени топчиња се вистински украс на посната трпеза, а згодни се и за дружење со пиво или бело вино.