Вкусни и меки топчиња кои можете да ги приготвувате со различна големина.

Овие бомбици се приготвуваат брзо и едноставно, а имаат феноменален вкус. Може да ги валкате во мелени ореви, лешници, кокос, рендано чоколадо, какао… и така да добиете различни, шарени бомбици на вашата трпеза.

Потребни состојки:

5-6 поголеми јаболка
100-150 г шеќер или по потреба (во зависност од тоа колку се слатки јаболката
100 г маргарин
2 ванилин шеќер или 2 лажички екстракт од ванила
200 г мелена плазма/посни бисквити
200 г мелени ореви, лешници или бадеми

Постапка:

Јаболката се мијат, се лупат и се рендаат, па се запржуваат со 100 грама шеќер, 2 ванилин шеќери и 100 г маргарин, колку да омекнат и малку да испари течноста.

Кога ќе излади смесата со јаболка, се додаваат 200 г мелена плазма/посни бисквити и 200 г мелени ореви.

Се замесува убаво за да се добие изедначена смеса, па се остава малку во фрижидер да излади и да се стегне.

Од смесата се формираат топчиња, со големина по ваша желба. Се валкаат во мелени ореви или какао.