Одлични, вкусни и идеални за посни слави. Никој нема да погоди дека овие вкусни топчиња се направени од грав!

Потребни состојки:

500 г грав

200 г мелени ореви

200 г шеќер

100 г кокос за валкање

1 ванилин шеќер

1 лажица цимет или по вкус

Постапка:

Гравот одвечер закиснете го вода. Следниот ден процедете го, измијте го, дополнете вода и ставете го на оган.

Оставете да врие неколку минути, процедете и уште еднаш процедете, исплакнете и дополнете со вода. Овојпат варете го на тивко додека да се свари.

Варениот грав добро процедете го и испадирајте го. 

Додадете ги мелените ореви, шеќерот, ванила и цимет по вкус. Замесете смеса која може да се моделира.

Ако ви се чини меко, можете да додадете малку мелени бисквити. Изладете во фрижидер, формирајте топчиња, па валкајте ги во кокосово брашно.

Превкусни се!