Посна торта со киви и ананас…Многу сум горда на овој рецепт, сите ми го бараат…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Потребни состојки за 3 кори:
160 г х 3 (480 г) шеќер,
160 мл х 3 (480 мл) газирана вода,
200 г х 3 (600 г) брашно,
2 х 3 (6) лажици масло,
2 х 3 (6) лажици џем од кајсии,
0.5 х 3 (1.5) лажичка сода бикарбона,
За фил:
3 кесички пудинг од ванила (3х40 г),
2 лажици скроб/нишесте/густин,
2 лажици брашно,
1 литар сок од ананас
Сварете го пудингот и оладете го, па соединете го претходно изматени:
250 г маргарин,
250 г шеќер во прав,
Ситно сечкани киви и ананас од конзерва и
посен шлаг за декорација
ПОСТАПКА:
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени и подгответе плех 20х30 см. Во подлабок сад измешајте ги сите потребни состојки за 1 кора, а на крај додајте го брашното и соединете да нема грутчиња.
Излејте ја смесата во подготвениот плех, испечете ја кората 20 минути во загреана рерна на 180 степени. На ист начин подгответе и испечете уште две кори.
За фил: измешајте ги сите состојки со малку сок од ананас, а остатокот загрејте го. Со непрекинато мешање сипете го пудингот и мешајте додека да згусне.
Оставете целосно да се олади. Пенасто изматете го пудингот со шеќерот во прав, па постепено соединете го со оладениот пудинг.
ФИЛУВАЊЕ: кора натопена со сокот од ананас во конзерва, 1/4 фил, сечкан ананс, 1/4 фил, кора натопена, 1/4 фил, сечкани киви, 1/4 фил, кора натопена со сок од ананас.
Оставете во фрижидер да се стегне, па декорирајте со изматен посен шлаг. Вратете ја тортата во фрижидер да достегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ: