Нема ни да забележите дека во питата нема масни состојки…
Потребни состојки:
1 пакување готови кори
1 пакување печурки
½ главица кромид
¼ праз
200 мл доматен сок
сол, црн пипер, сув зачин, оригано, вода
Постапка:
Кромидот, празот и печурките ситно исечкајте ги. Во керамичка или тефлонска тава ставете шолја мелени домати, додадете го исечканиот зеленчук и печурките, па на умерен оган продинстајте ги. Додадете сол и зачини по вкус.
Корите исечете ги на 3 долги ленти и редете ги една врз друга, па помеѓу премачкувајте ги со вода, кечап или доматен сок.
Третата кора премачкајте ја со приготвената смеса и свиткајте во триаголник.
Триаголниците редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.
Печените питички прекријте ги со влажна крпа за да омекнат.